НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Виена се надева на решение на „сложувалката“ со Бугарија до почетокот на летото, за Скопје недостасува политичка волја во Софија

0
By Sashko on May 11, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Австрија изрази силна поддршка за што побрзо отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија и охрабрена дека е можно скоро решение за „сложувалката“ со Бугарија. За Скопје заслужен е исчекорот во евроинтеграциите за земјата, а на сложувалката, која полека се составува во насока на решавање на спорот со Софија, во моментот и недостасува лепилото, односно политичка волја, за да ги стави елементите во еден сеопфатен процес.

Шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи, вчера во Скопје изјави дека Европската Унија (ЕУ) се наоѓа пред огромна геостратешка одлука и најважниот инструмент против оваа војна на европско тло е перспективата на ЕУ и проширувањето. За Австрија овој регион мора да биде дел од ЕУ, тоа е фиксна геостратешка задача.

„Тоа е геополитичка задача на ЕУ и никогаш досега не било толку важно да се реализира проширувањето. Затоа сметам дека што побрзо треба да се отворат преговорите со Северна Македонија и Албанија“, порача Шаленберг.

Во однос на прашањето со Бугарија, Шаленберг, кој во Скопје пристигна од Софија, оцени дека решението е близу, двете влади, двете држави веќе ги имаат составните делови од сложувалката и сега е време да се сложат истите.

„Сите делчиња од сложувалката се ставени на масата и сега треба само уште да ги сложиме. Австрија сака да даде свој придонес и ќе биде солидарна со Северна Македонија во тие чекори пред преговорите, бидејќи тоа е геостратешка неопходност. Вие сте непосредни соседи на ЕУ, опкружени сте со земји членки на ЕУ. Сите земји кои досега не пристапиле, редно е да пристапат кон Унијата“, нагласи Шаленберг.

Шефот на дипломатијата Османи, пак, појасни дека тој во неговата неодамнешна изјава не поставил никаков ултиматум до бугарскиот претседател Румен Радев или до ЕУ, туку само се обидел да ја појасни фактичката состојба, нагласувајќи дека ова е одлична и последна можност во која има концентриран политички капитал.

„Како минува времето, се јавува обесхрабрување и сето тоа има последици и врз домашната политичка сцена и врз можноста граѓаните и политичките елити да го даваат својот придонес во овој процес“, рече Османи.

Според него, процесот е доста созреан во изминатите месеци и години и за секој елемент во процесот има решение. Проблем е како сето тоа да се опфати во еден сеопфатен договор за да нема утре нови прашања, нови елементи и создавањена непредвидливост.

На сложувалката, која полека се составува во насока на решавање на спорот со Бугарија и фали лепилото, а тоа, според Османи, е политичка волја во моментот за да ги стави елементите во еден сеопфатен процес, кој ќе значи ново поглавје за нашата држава и за односите на Западен Балкан со ЕУ.

Во однос на подготвеноста уште еднаш да се промени Уставот, Северна Македонија нема ништо против да ја внесе бугарската заедница во Уставот, заедно со другите заедници кои се споменати таму, бидејќи ако по нешто сме препознатливи во светот, тоа е по односот на државата кон заедниците, но сензитивноста е во непредвидливоста на процесот и токму за тоа се разговара во моментов со Софија, вели Османи.

Во однос на идејата на Макрон за формирање на „Европска политичка заедница“, вели дека идејата е добра за земји како Украина, Молдавија и Грузија, но потенцираше дека Западниот Балкан мора да продолжи кон полноправно членство во Унијата.

– Северна Македонија го има започнато, односно потпишано Договорот за стабилизација и асоцијација неколку месеци по Словенија, неколку месеци пред Хрватска, што значи ако тоа било една тројка која почнала, тоа треба да се заврши, за да може да зборуваме за други процеси. Второ, ако гледаме од сегашна перспектива Северна Македонија е со Албанија и Црна Гора како земји коишто се три НАТО членки во регионот со стопроцентно усогласување на надворешната и безбедносна политика, а сè уште се далеку во процесот на асоцијација и прилагодување кон европските правила на една игра и во тој дел треба и тој пакет исто така да се заврши. И третиот коментар, ние зборуваме за почеток на преговори, не зборуваме за членство“, рече Османи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.