Петте бази кои НАТО планира да ги распореди во Источна Европа ќе бидат на териториите на Латвија, Литванија, Естонија, Романија и Полска, пишува германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг.
Според планот на Северноатлантскиот сојуз, во секоја од базите на долг рок ќе бидат распореди по 600 војници, пишува весникот, цитирајќи извор од НАТО.
Овој план ќе биде детално разгледан на средбата на врвот во Велс на 4 и 5 септември.Во рамките на подготовките за самитот на НАТО, функционери од Полска, Латвија, Литванија и Естонија, на состанокот на врвот на Алијансата предложиле да биде разгледана можноста за употреба на противракетниот штит поради чувството на загрозеност од Русија.
Други значајни детали не се соопштуваат.
Пред време, генералниот секретар на блокот Андерс Фог Расмусен во интервју за истиот весник изјави дека Алијансата смета дека треба да има поголемо присуство во Источна Европа.
Според неговите зборови во Велс ќе биде донесена одлука за зголемување на ефикасноста на силите за брза реакција. Ова ќе овозможи НАТО да реагира пооперативно доколку дојде до нови опасности, изјави Расмусен.