НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје очекува дополнителна поддршка од Брисел за дијалогот со Софија

0
By Sashko on May 12, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонските власти очекуваат дополнителна поддршка од Брисел за дијалогот меѓу Скопје и Софија за дефинирање на преговарачката рамка, со цел што е можно побрзо одржување на првата меѓувладина конференција на Македонија со Европската Комисија (ЕК) како почеток на процесот за затворање на поглавјата за членство во Европската Унија (ЕУ).

Досегашните заклучоци се дека државата ги има исполнето сите услови за старт на преговорите и, дополнително, дека е постигнато стопроцентно усогласување со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, како и 40-процентно усвојување на законодавството на ЕУ. Владата, порачаа вчера оттаму, останува фокусирана на дијалогот со соседна Бугарија за изнаоѓање соодветно решение.

Премиерот Димитар Ковачевски и при вчерашната посета на Брисел од високите претставници на ЕУ побара итно отворање на преговорите со ЕУ. На средбите во Брисел е нагласено дека е време за изнаоѓање на достоинствено европско решение за деблокирање на почетокот на пристапните преговори за Македонија.

На средбата на Ковачевски со специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак беше заклучено оти војната во Украина наметнала неопходно забрзување на процесот за интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ и итни преговори со Македонија како приоритет.

Премиерот и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на ЕК, Жосеп Борел вчера во Брисел ја истакнаа потребата за брзо делување и за остварување на стратешкиот интерес и придобивка на ЕУ од проширувањето со Македонија и другите земји од Западен Балкан како приоритет за европската безбедност.

И на средбата на Ковачевски со неговиот белгиски колега Александар де Кро е истакнато дека е неопходно брзо изнаоѓање решение меѓу Македонија и Бугарија за старт на преговорите за членство во ЕУ како стратешка одлука за Брисел од аспект на безбедносните ризици предизвикани од војната во Украина.

Според шефот на дипломатијата Бујар Османи, политиката на проширување на ЕУ е безбедносно прашање и оттука членството на регионот во Унијата е од суштинска важност за европската безбедност.

Османи вчера на средби со министерот за Европа и надворешни работи на Франција Жан Ив Ле Дриан, како и со потсекретарот за политички прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд нагласи дека Македонија ги исполни сите услови за старт на преговорите и постигна стопроцентно усогласување со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.

Според него, сега е критичниот момент и ЕУ да испорача преку усвојување на преговарачката рамка.

Шефот на дипломатијата вчера нагласи и дека надворешно-политичките и безбедносните ризици во новата геополитичка реалност го наметнуваат ефектуирањето на одлуката за почетокот на пристапни преговори со Македонија, доколку ЕУ сака да го задржи својот кредибилитет, пред се во регионот и да го демонстрира своето геостратешко лидерство.

Албанската опозициска партија Алијанса за Албанците вчера ја повика Бугарија да го крене ветото за Македонија. Според нејзиниот претседател, Зијадин Села, земјава и Албанија треба поскоро да ги отворат преговорите и да станат членки на ЕУ што ќе го направи Западен Балкан посигурно место за живеење.

Како што рече лидерот на АА, не треба да се занимаваме многу со комисии и експерти, зашто „експертите прават наука, а не компромис“. Политиката треба да најде компромис, порача Села.

– Ја повикувам и бугарската страна, имајќи ја предвид сигурносната ситуација што се случува и во регионот, како и ризикот што постои по агресијата на Русија во Украина, да размислат за сигурноста на регионот, да го тргнат ветото, тоа ќе биде компромис. И ние, како политичари,треба да бидеме подготвени за компромис. Албанија заедно со Северна Македонија треба што поскоро да отворат преговори и да бидат членки на ЕУ. Тоа ќе го направи Западен Балкан посигурно место за живеење“, истакна вчера Села.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.