-Ако сакам, можам да го преземам Киев за две недели. Вака рускиот претседател Владимир Путин ја прокоментирал украинската криза во телефонскиот разговор со претседателот на Европската комисија Жозе Баросо, одржан во пресрет на Европскиот совет.
Разговорот е цитиран од италијанскиот весник „Република”, според кој реакцијата на Путин била одговор на намерите на Европската унија да воведе нови санкции за Русија.
Коментарот на Путин беше потврден и во онлајн изданието на германскиот „Шпигел”, кој се повикува на дипломатски извор од Брисел.
Истовремено НАТО најави дека може да изгради ново „куќиште за брза реакција”, во кое ќе има можност да испрати до 4 000 војници во источна Европа за 48 часа, како реакција на можната руска агресија.
Одлука за ова прашање ќе биде донесена најверојатно на средбата на Алијансата оваа недела, која ќе се одржи во Велс.
Иако ескалираат тензиите меѓу сите инволвирани земји во кризата, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера изјави дека итното прекинување на огнот е приоритет на Кремљ.
Продолжуваат и обвинувањата на Западот и Украина, според кои Русија ги поддржува бунтовниците, кои војуваат против силите на Киев со воени резерви во источна Украина.