Судскиот случај на премиерот Никола Груевски против лидерот на СДСМ Зоран Заев го отвора клучното прашање за мотивите не само на овој процес, туку и на сите досегашни процеси кога актуелен лидер (премиер или претседател) тужел опозициски лидер за клевета и навреда.
Дали се работи за политичка пресметка и замолчување на политички опонент и критичар, во случајов Заев, кој вели дека ја информира јавноста за криминален и корупциски акт на премиерот Груевски, додека самиот премиер вели дека станува за клевета која му предизвикува тешка душевна болка поради невистините изнесени од страна на Заев.
Дополнително, исклучително важно прашање во овој контекст останува- до каде може да се ограничи слободата на изразување?
Оттука, следуваат нови прашања:
– Дали контролата на слободата на изразување подразбира политичка одлука за заштита на моќните политичари а не правно издржана одлука, кога тие треба да бидат заштитетни заради повисоки државни цели?
– Дали слободата на изразување треба да се ограничи во име на заштита на други цели од јавен интерес (национална безбедност, јавен ред и јавен морал), индивидуални права (право на достоинство и право на приватност)?
– Кое е дозволено ниво на критика на јавни личности, особено на политичари кои владеат со земјата и оттука ја црпат моќта, што е опасно средство за владеење и остава простор за силна злоупотреба преку апсолутистичко владеење?
Степенот на демократијата го пишува законодавството, но (не) зависните судии го толкуваат
Слободата на изразување многу често е подложна на супресија од страна на моќните владетели
Кривичните закони за заштита на благородништвото од критики во 16 и 17 век во Англија еволуирале во различни категории на политичка клевета.
Случаите на политичка клевета и на евентуални штети биле управувани од озлогласниот Star Chamber се до укинувањето во 1641 годона. До крајот на овој век, биле воспоставени многу елементи на обичајно право за клевета.
Модерениот закон за клевета и навреда закон е променет оттогаш, главно за да се искорени употребата на Законите на клевета во заплашување на активните политички учесници за време на јавна дебата.
Европскиот суд за човекови права е еден од најважните судски органи кои ги воспоставуваат принципите кои се основа за аплицирање и постапување на судовите во матичните земји, односно во земјите кои се потписници на Европската конвенција за човекови права, меѓу кои е и Македонија.
Оваа Конвенција е вградена во националните законодавства и како обврзувачка, станува составен дел од правниот систем во земјите.
Европски суд за човекови права
Оттука, пресудите кои се однесуваат на критики на политичари од страна на новинари, други политичари, активисти, итн., Европскиот суд за човекови права ги разгледува во следниве рамки: слободата на изразување како и јавниот интерес и важноста од критика кон политичарите.
Европскиот суд прави значајна дистинкција помеѓу “обична” критика и критика која е упатена кон политичар: ” Границите на дозволена критика се пошироки во однос на власта, отколку во однос на еден граѓанин, па дури и во однос на еден политичар”.
Степенот на демократијата го пишува законодавството, но (не) зависните судии го толкуваат Зошто критиката кон политичарите и институциите важна?
Толкувањата на законодавствата на зрелите демократии (Европа, САД) се движат во насока на зачувување на демократијата преку чување на општеството од злоупотреби на моќниците и токму затоа, во некои земји со закон не се дозволуваат судски постапки за клевета на јавните институции кон поединци.
Едно од образложенијата на ваквите судски одлуки е она на Горниот дом на британскиот Парламент:
” Tие како избрани тела треба да бидат отворени на неограничена јавна критика, бидејќи опасноста од поведување постапки за клевета неизбежно повлекува ограничувачки ефекти врз слободата на говорот”. (Buckley et al ; 2008: 110 воTрпевска, 2010: 231)
Законот и судските пресуди кога станува збор за медиумите за вакви “политички случаи”во Европскиот суд ја потенцираат обврската на “печатот да не ги премине границите кои се однесуваат кон заштита на угледот на одредени личности (во случајов политичарите) но, од друга страна, постои обврска на печатот да пренесува информации, идеи, вредносни судови, мислења, ставови, за политичките прашања и за други области од јавен интерес, додека јавноста има право овие информации и идеи да ги прима.
Затоа што, слободата на медиумите и слободата на изразување и овозможуваат на јавноста да ги открива идеите и ставовите на политичките лидери, да формира ставови и мислења за овие политички и други прашања кои се од пресудно значење за развојот на едно општество.
Само така јавноста ќе може да изгради вредносни судови, мислења и ставови за политичките актери, институциите и генерално, политичкиот живот, во кој таа треба да биде активен партиципент- да биде информирана, за да анализира, одознава, делува, влијае, допринесува врз носењето на политичките одлуки кои се однесуваат на функционирање на општеството.
Токму затоа, современото законодавство во зрелите демократии ги прифаќа, поддржува и поттикнува критиките кон власта, со образложение:
Границите на прифатлива критика кон политичарите се пошироки отколку оние кон приватните лица, зашто тие неизбежно и свесно се изложуваат на внимателно испитување на секоја изјава или дело, од страна на новинарите и од јавноста во целина.
Затоа, мора да покажат поголем степен на толеранција. ” (Случај Лингенс против Австрија: австриски новинар критикува тогашен државен канцелар за најавување на коалиција со политичка партија чиј лидер имал нацистичко минато, нарекувајќи го “неморално, недостоинствено однесување”- Трпевска, 2010:16)
Најпознатите судски процеси на актуелни лидери против опозиционите лидери ги покажуваат степенот на демократија на една земја- слободата на изразување, слободата на медиумите, независноста на судовите.
Турција: Корупциска афера на Ердоган и тужба на неговиот син кон опозицскиот лидер
Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган брзо реагираше кога на 25 февруари 2014 протече снимката како наводно тој и неговиот син дискутираат на 17 декември 2013 – како да се сокрие богатството на семејството од иследниците за корупција.
Лидерот на главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) Кемал Киличдароглу, исто така, брзо реагираше на протечената снимка. “Премиерот не може да биде крадец”, рече Киличдароглу.
“Ердоган треба или да земе хеликоптер и да бега во странство или да поднесе оставка.”
Наместо тоа, премиерот Ердоган постигна уште еден триумф во гласачката кутија кога се појави на балконот на седиштето на неговата партија во Анкара со победнички говор – за прв пат со неговиот син Билал на своја страна.
Синот на Ердоган, Билал Ердоган потоа поднесе тужба за клевета против Киличдароглу. Заменик-претседателот на ЦХП, Булент Тезан во писмена изјава кажа дека секретаријат на партијата добил судска покана на 28 април, повикувајќи го Киличдароглу да сведочи како “осомничен”.
“Ние не прифаќаме вакви покани за сведочење, како што не се во согласност со законските и судските правила “, рече Тезан. Тој тврди дека државниот обвинител Мехмет Демир, кој го повика Киличдароглу да сведочи, е политички мотивиран и дека Демир добива наредби и директиви за издавање на оваа покана, во обид за заплашување на опозицијата.
“Врз основа на член 83 на нашиот устав, сите избрани членови на Парламентот може да бидат поканети да сведочат, но обвинителите треба прво да се испратат вакво барање до Министерството за правда.
Министерството потоа го пренасочува барањето до Парламентот, со целосно објаснување за тоа зошто овој парламентарец е повикан да сведочи “, рече Тезан , истакнувајќи дека Обвинителството не обезбедило никакви информации воопшто на поканата.
“Ова однесување спротивно на сите овие правила и норми, е типичен пример за тоа како нашето судство стана исполитизирано.”
Говорејќи за турските медиуми, државниот обвинител Демир го минимизираше кршењето на овие законски постапки. “Го [Киличдароглу] поканив да сведочи и тој одби. Нема потреба од создавање сцени “, рече тој. Демир тврдеше дека ова е “негова вина”, откако тој не обрнал внимание против кого е поднесена тужбата.
Билал Ердоган
Најновиот епилог на оваа афера е и изборна победа за Ердоган како претседател, иако некои од критичките медиуми известуваа дека се чини дека Ердоган дека се плаши од нова операција, наменета нему, слична на онаа на 17 декември 2013 година, кога полицијата спроведе рација во резиденциите на децата на министрите, како и во резиденцијата на менаџерот на државната банка, кога најдоа милиони долари, што резултираше со оставка на четири министри на владата.
Весникот Сол на насловната страница “го бараше” синот на турскиот премиер и известуваше дека “и покрај фактот што има барање на обвинителот за негово приведување кое во тек, не се преземени акции и се не чини дека никој не знае каде е “.
Канада: Како премиерот сепак ја повлече тужбата против опозциониот лидер
Можеби најпознатиот процес во една демократска земја е оној на канадскиот премиер Стивен Харпер, кога поднесе тужбата на 13 Март, 2008 година, против Либералите поради изјавите објавени на Веб-страницата на партијата во врска со аферата Чак Кедмен.
Ова беше прв пат актуелен премиер на Канада да ја тужи опозицијата за клевета.
Лидерот на опозиционата Либерална партија Стефан Дион и премиерот Стивен Харпер
Харпер бараше 2.5 милиони долари од Либералната партија, Либерално Сојузна Агенцијата за Канада и анонимен автор или автори, заради изјавите објавени на Веб-сајтот на Либералите. Претходно, тој ја повлече тужбата против лидерот на Либералите Стефан Дион (Stephane Dion), заменик лидерот Мајкл Игнатиеф (Michael Ignatieff) и Лидерот на Домот на Либералите Ралф Годал (Ralph Goodale)
Објавените статии во центарот на тужбата се со наслов “Харпер знаел за поткупот на Конзервативната паратија ” и “Харпер мора да се исчисти околу обвинувањата за Конзервативниот поткуп”. Овие наводи ја ставаат под прашање наводната вмешаност на Стивен Харпер во финансиски “понуди” направени на Кадмен за да го промени неговиот глас во клучната пресметка во Долниот дом (House of Coomons) во Парламентот, во 2005 .
Чак Кедмен
Дона Кедмен изјави дека пред гласањето на буџетот во мај 2005 година, Том Фланаган и Даг Финли, двајца претставници на Конзервативната партија, му понудиле на нејзиниот сопруг, Чак Кедмен, еден милион долари за полиса за животно осигурување, во замена за својот глас – за да се урне Либералната влада.
Аудио- снимката сугерира дека тогашниот лидер на опозицијата Стивен Харпер беше не само свесен за финансиска понуда за Чак Кедмен, туку и дека не дадал негово лично одобрување.
После една година, премиерот Стивен Харпер и Либералната партија на Канада се договорија надвор од судот.
Двете страни изјавија дека “ги средиле сите прашања” и се согласија случајот дека ќе биде разрешен без трошоци.
Владата да се воздржи од тужби- има други средства да одговори на критиките
Сите овие примери укажуваат на ниво на демократичност на една земја и аплицирање на законодавство кое ги слави демократските пилари и вредности: независност на медиумите, слобода на медиуми, слобода на изразување, судство кое е надвор од политичките влијанија и делува независно, се со цел да се ограничи влијанието и моќта на власта и нејзините тенденции да биде апсолутистичка.
Како се вели едно образложение на судска пресуда во случајот Кастелс против Шпанија:
“Доминантната положба на Владата наметнува потреба таа да покаже воздржаност од кривични постапки, особено тогаш кога на располагање и стојат други средства за одговори на неоправданите напади и критики од страна на нејзините противници или од медиумите”. (Трпевска 2010: 232)