НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Можност за студентите: Бесплатната Академија на Инфинум за првпат во Македонија

0
By Mirjana on May 13, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скопје за првпат ќе биде домаќин на 5-неделната бесплатна едукативна програма наменета за студенти, кои сакаат да научат како да креираат апликации за паметни телефони. За да се квалификуваат на Инфинум академијата, апликантите треба да поминат приемен испит, а пријавувањата се до 15 мај.

„ Ја основавме Инфинум академијата со мисија да им помогнеме на студентите и на дипломираните инженери во подобрување на нивните вештини во дизајнирање и развој на модерен софтвер. Курсевите опфаќаат теорија, но поголемиот дел од времето на студентите е посветено на практични задачи. Сите заинтересирани може да се информираат директно преку https://academy.infinum.com/ – вели Ѓорги Ќосев, директор на Инфинум Македонија.

Од 2015 година, досега повеќе од 350 студенти од Хрватска, Словенија и од Црна Гора успешно дипломираа на Академијата. Програмата доби повеќе признанија и награди за нејзиното влијание и придонес кон заедницата.

„Кога се запишав на Инфинум академијата, немав никакво искуство поврзано со Андроид. Научив толку многу низ часовите, што успеав да си направам своја апликација. Навистина сум горда што ја добив оваа неверојатна можност – вели Јелена од Хрватска.

Во текот на годините, повеќе од 87 дипломирани студенти од Академијата се вработија во Инфинум, а некои од нив сега се на високи позиции во компанијата.  

„Знаењето и поддршката што ни ја пружи нашиот ментор беше одлично и корисно искуство, било да е тоа преку неговиот ангажман на предавањата или помошта за домашните задачи. Во само 5 недели научив многу за креирањето мобилни апликации – вели Петар од Словенија.

Студентите може да изберат меѓу курсевите за iOS и за Android и да учат од најдобрите инженери на Инфинум. Опрема на „Епл“ ќе биде обезбедена за студентите што ќе изберат курс за iOS, се наведува во соопштението.

Бесплатна можност за студентите да го збогатат знаењето за мобилни апликации
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025
ФОКУС

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

ВЕСТИ August 11, 2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека неговата средба со претседателот на…

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

August 11, 2025

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

August 10, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.