„Ако Груевски обезбеди решение на проблемот со името и старт на преговори за членство во ЕУ, СДСМ е подготвен да се откаже од барањето за предвремени избори“, во интервју за НОВА открива лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.
За објавената кандидатура на Стевче Јакомовски за учество на локалните избори Црвенковски изјавува: Ќе се срами и тој и неговото семејство.
„На следниот Конгрес на СДСМ ниту ќе барам ниту ќе прифатам уште еден мандат“, дециден е лидерот на СДСМ.
„Шест години ја има власта во државата (Никола Груевски), а секој ден му е крив Бранко Црвенковски“.
„Во нормална држава само промената на Деловникот, без присуство на опозицијата во парламентот, кој содржи едни правила при носење на едни закони, а други за други закони. Измени со кои што се предвидува промена на Устав, самото по себе ќе беше невиден скандал“, изјави Црвенковски во интервју за НОВА.
Ова се само поенти од целосното интевју кое следува…