Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Целите на самиот на НАТО

0
By Нова ТВ on September 3, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 3, 2014 23:47

Денеска во Кардиф започнува самитот на НАТО во екот на најголемата безбедносна криза по студената војна. Велика Британија е домаќин на НАТО самит првпат по 1990 година кога се официјализираше крајот на тензиите меѓу демократскиот запад и комунистичкиот исток. Тогаш домаќинката на самитот , премиерката Маргарет Тачер најави нови перспективи за траен мир и стабилноста на континентот и нова стратегија за Алијасната во новите костелации. Денеска 24 години подоцна за првпат перспективите кои се отворија на почетокот на деведесетите се сериозно се доведени во прашање. НАТО по Лонодн 1990 денеска во Кардиф е повторно исправен пред историски предизвик.

Шефовите на држави и влади на земјите членки на НАТО во овие нови околности си ги поставија следниве цели:

Кризата во Украина и односите со Русија

Шефовите на држави и влади на земјите членки на НАТО во Кардиф треба да донесат одлука на формите на како што велат во Алијансата, стабилно присуство на НАТО силите во источна Европа. Целта на оваа одлука е да и стави јасно на знаење на Москва дека Алијансата нема да биде заплашена од како што се нарекува “агресивното однесување на Русија”

„На самитот ќе се осигураме дека Алијансата ќе биде подготвена и способна да ги брани сојузниците од каков било напад. Ќе донесеме акциски план за готовност , кој ќе го направи НАТО поагилен од кога било“, изјавил Расмусен

Ова е, според зборовите на Расмунсен, одговор на „агресивното однесување на Русија“, но и и потреба НАТО да ги зајакјне своите перформанси за одговор на актуелните безбедносни предизвици каде и да се појават.

Акцискиот план предвидува единиците за брза реакција со висок степен на готовност да бидат способни да се распоредат за многу брзо време. Извори од НАТО тврдат дека тие единици на теренот ќе имаат јадро од околу стотина луѓе, но дека во рок од два дена ќе може да се распореди батаљон – 600 до 800 луѓе, а за пет дена бригада – од 4.000 до 6.000 војници.

Во контекстот на овие мерки е и најавената воена вежба на НАТО во Украина во текот на овој месец.

Заканата од ИСИС

Како да се одговори на заканите од екстремистичката организација ИСИС која се поагресивно ја провоцира светската јавност? Самитот на НАТО би требало да донесе поконкретно одговори за тоа како да се дејствува за да се елиминира оваа закана.

“Ќе им ја покажеме вратата на пеколот” изјави американскиот потпретседател Џо Бајден.

Повеќе пари за одбраната

Во светло на актулените кризи во Украина и Блискиот Исток на самитот на НАТО ќе се разговара за динамиката околу усогласувањето на зголемувањето на буџетите на одбраната на секоја земја членка и враќање на нивото од 2% од буџетот како што тоа беше случај во поголемиот број на земји членки на Алијансата. Една петина од тие средства треба да бидат инветирани во истражувања и нова воена технологија. Русија во изминатите години воннит буџет го зголемила за 50% додека НАТО членките во просек ги намалиле воените расходи за 20% .

Сајбер закани

Во светло на новите предизвици за безбедноста во Кардиф земјите членки на НАТО треба да усвојат и нова стратегија за ефикасен одговор за потенцијалните сајбер напади на кои се изложени земјите членки Севрно атлантската воена алијанса.

Авганистан

На самиот една од целите е да се постигне и договор за нов план за поддршка на авганистанските безбедносни сили.

На самитот се повикани 40 земји партнери на НАТО од пет континенти со цел , како што се вели да се демонстрира јасно воljата на Алијансата да работи заедно со сите оние кои ги споделуваат демократските вредности.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.