НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: ЕУ не смее да го заборави Западен Балкан и покрај кризата во Украина

0
By Biljana on May 14, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на меѓународниот настан „Стратешки економски разговори”, во организација на Здружението за развој на деловната мрежа на Југоисточна Европа (SEEBDN), рече дека Европската унија не смее да го заборави Западен Балкан поради кризата во Украина, напротив мора да остане фокусирана на регионот.

– Северна Македонија, како и Албанија, треба да започне преговори за членство во Унијата, но исто така важно е и Украина, Грузија и Молдавија да имаат европска перспектива, додавајќи дека Европската Унија е проект на слободна трговија, слободно движење на луѓе, економски напредок, Унијата и 80 години подоцна е најдобриот повоен одговор, и затоа треба и сакаме да станеме членка на ЕУ.

Вицепремиерот Маричиќ, заедно со поранешниот хрватски претседател Иво Јосиповиќ, поранешниот известувач на ЕУ за Косово и Метохија и високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ Волфганг Петрич и Мартин Енгелберг, австрискиот пратеник од редовите на владејачката Народна партија, учествуваше на панелот „Процесот за пристапување во ЕУ и интеграција на Западен Балкан во време на значајни промени во Европа“, на кој побара земјите од ЕУ да посветат поголемо внимание на Западен Балкан, кое со конкретни чекори би дало позитивни резултати, во спротивност се доведува во прашање кредибилноста на ЕУ во земјите од регионот и довербата на граѓаните во Унијата.

– Во регионот е намалена популарноста на „брендот“ наречен Европската унија, затоа во овој момент најпотребно е да се демонстрира лидерство за да се заштити нејзиниот имиџ, бидејќи оние кои се против се обидуваат да ја прикажат Унијата како неуспешна, рече Маричиќ.

На панелот вицепремиерот се осврна и на иницијативата „Отворен Балкан“, посочувајќи дека таа е комплементарна на процесот на пристапување во ЕУ и како и Берлинскиот процес не е замена за влез во Унијатa, дополнувајќи дека  не треба да губиме време додека сме во чекалната на ЕУ, туку треба да направиме промени на ниво на Западен Балкан, да му дадеме нов лик на регионот, кој секогаш се поврзувал со конфликти и криминал и да покажеме дека можеме да соработуваме на сите полиња.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.