Борците на терористичката организација „Исламска држава“ објавија видео запис на Интернет на кој се закануваат дека ќе започнат војна во Чеченија и на целиот Кавказ, пренесува арапскиот телевизиски канал Al-Arabiya, јавува Руска реч.
Како што се забележува во пораката, борците се закануваат лично на претседателот на Русија, Владимир Путин како сојузник на претседателот на Сирија, Башар Асад, кого го снабдува со оружје и воена опрема.
На видеото кое се наоѓа на You Tube, еден од борците кажува: „Со дозвола од Алах ќе ја ослободиме Чеченија и цел Кавказ! „Исламската држава“ постои и ќе се прошири со дозвола на Алах“, изјавува борецот.
Оваа организација веќе му се закани на Асад, нарекувајќи го „свиња“ и заканувајќи се дека ќе го „приковаат на авион“.