НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И касарната „Илинден“ една од можните локации за новиот Клинички центар

0
By НОВА ТВ Balaban on May 16, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Клиничкиот центар е проект за кој се зборува веќе 17 години. Од првата недела кога стапив на функцијата кажав дека едно од можните решенија за сите проблеми со кои се соочуваме во здравството е изградбата на новата Универзитетска клиника во Скопје која што ќе биде супституција на постоечката Универзитетска клиника. Таа клиника споена во една градба би придонела во забрзување односно навремено дијагностицирање и третман на пациенти, истакна денеска министерот за здравство Беким Сали, кој рече дека локацијата засега се уште останува Ѓорче Петров, Илинден и уште една трета локација во која веќе има болница со надградување и проширување на дејноста.

Според него, не значи дека само изградбата ќе ги реши сите проблеми, туку организацискиот дел, споеноста на клиниките, конзилијарната соработка меѓу клиниките којашто би придонела за навремено дијагностицирање и третман на пациенти.

– Имаме реално маки во препраќање од една клиника во друга клиника и мнозина од нас сме се соочиле во некакви околности. Иницирав работна група и од опозиција и од позиција. Во политичкиот дел имаме усогласеност меѓу сите чинители во јавната расправа што сметам дека во минатото била главна пречка за нереализирање на тој проект. Засега можам да кажам дека начелно е надмината таа пречка. Меѓутоа, се уште не сме дојдени во фаза на локација, на износ, на содржина на таа клиника, на величина колку ќе биде, значи димензиите не ги знаеме се уште, а и локациите не ги знаеме сто отсто. Една од опциите е касарната „Илинден“. Три позиции се предмет на дискусија. Која од локациите ќе биде одредена тоа зависи прво, освен политичкиот дел што сметам дека не е главен, ќе биде во делот на катастарските услови – дали може да се гради и за колку би се градела, рече Сали, одговарајќи на новинарски прашања по промовирањето на новиот линеарен акцелератор на Клиниката за радиотерапија и онкологија.

Размислуваме како работна група, појасни министерот, дека Клиничкиот центар треба да се изгради на локација која овозможува веќе постоечка логистика, да не се гради каде имаме потреба од дополнителни средства да трошиме за оддалеченост што во минатото можеби било и предмет на дискусија, а тоа воглавно било и причина за блокирање на таков еден предлог.

– Во техничкиот дел се уште немаме ништо одредено, освен првиот момент кој јас го сметам како најважен да има политичко усогласување за терање на тој проект. Се уште не сме дошле до фаза на ограничување временско до кога мора да се усогласиме. Тоа се сепак претставници од политички партии и внатрепартиски дискусии, можеби треба да се донесе една таква одлука, рече Сали.

Во врска со Законот за новиот Клинички центар, рече дека засега изгледа тој ќе биде повлечен, меѓутоа се уште не донеле финална одлука.

касарната „Илинден“ Клинички центар новиот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.