Дваесет и четиригодишен мигрант од Авганистан е пронајден мртов во близина на железничкиот мост во Гевгелија.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), вчеравечер било пријавено дека во близина на железничкиот мост во Гевгелија било пронајдено починато машко лице со убодна рана на телото од остар предмет.
Од извршениот преглед кај лицето биле пронајдени лични документи од кои било утврдено дека се работи за 24 годишен мигрант од Авганистан.
Увид на местото бил извршен од Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.