„Балканска приспивна песна“ е насловот на новата турска серија што започна да се снима во Скопје, а ќе се прикажува на турската државна телевизија ТРТ1 во текот на летниот период, пренесува aгенцијата „Анадолија“.
Целта на „Балканска приспивна песна“ е да ги долови и прикаже искрените и радосни приказни на балканскиот народ. Серијалот е посветен на љубовната приказна на двајца млади од различни националности во Скопје, град во кој заедно живеат различни националности, како Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци, итн. Ќе се раскаже нивната борба да го постигнат навидум невозможното преку љубовта.
Продуценти на серијалот се Јалчин Ари и Угур Узунок, режисер е Доган Умит Караџа, додека сценарист е Угур Узунок. Музиката во серискиот филм е на Алпер Атакан.
Во главна улога ќе бидат турските актери Ердал Озјагџилар, Озлем Туркад, Емре Беј и Мерих Озтурк, додека останатите актери и актерки, меѓу кои се и актери и актерки од Македонија, се Хакан Бојав, Џан Колукиса, Сузан Акбелге, Сарп Бозкурт, Ѓозде Чигаџи, Дениз Ѓуркан, Емине Хаљиљ, Бурак Рахман, Сулејман Кара, Каан Тургут и Ерман Шабан.