Украинските владини сили се подложени на бомбардирање во регионот на Мариупол, во источна Украина, пренесува Ројтерс.
Ова е прво сериозно прекршување на договорот за прекин на огнот, кој стапи на сила од петокот.
Украински офицер за Ројтерс изјавил дека украинските воени биле подложени на бомбардирање источно од Мариупол.Новинарот на Ројтерс раскажува за долготрајното артилериско пукање вчера доцна вечерта, источно од Мариупол и дополнува дека видел камион, гасна станица и работилница како горат во пределите на градот.
Тенкови и оклопни возила се упатиле кон регионот каде што се немирите. Камиони со членовите на прокиевска полиција исто така тргнале во насока на огнот.
Засега украинската армија не соопштува за жртви на бомбардирањето.
Синоќа Министерството за одбрана на самопрогласената Доњецка народна република пак соопшти дека позициите на борците на ДНР биле гаѓани со системи за рафали оган во реонот на Мариупол и е потребно сепаратистите да одговорат на огнот. Така дошло до борби со тешко оружје, пренесе ИТАР-ТАСС.
Новинар на Франс прес, пак, соопшти за силни експлозии во источната зона на Мариупол. Тој посочи дека експлозиите запреле во 21 часот. И над реонот се крева густ чад. Според репортерот пункт, под контрола на лојални сили на Киев, бил нападнат и покриен со пламен. Тој се наоѓал на излезот на градот.
Десетици автомобили на приватни лица пак ја нпуштале зоната на експлозиите и се упатувале во спротивна насока, додава новинарот од Франс прес.