Четириесет и една санкција за неисправност на возила со кои се врши јавен превоз на територијата на Македонија се изречени во акциска контрола на полицијата, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Шеснаесет од нив се санкционирани за неисправен уред за запирање, 14 поради неисправен уред за управување, како и други видови неисправности“, се вели во соопштението на МВР.
Од МВР додаваат дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбеден сообраќај.