Најавената Конференција на француското претседателство за Западен Балкан ќе се одржи на 23 јуни со лидерите од регионот и од Европската Унија (ЕУ), јави дописничката на МИА од Брисел.
Француското претседателство од самиот почеток најавуваше дека ќе организира посебен настан со шесте земји од регионот. Европскиот Совет (ЕС) потврди дека оваа конференција ќе се одржи на 23 јуни непосредно пред редовниот јунски ЕУ лидерски самит.
Лидерите од шесте земји ќе бидат поканети на 23 јуни наутро да учествуваат на овој заеднички настан со лидерите на ЕУ, кои подоцна истиот ден ќе го отпочнат редовниот јунски самит.
Во овој момент е неизвесно дали сите лидери на ЕУ ќе бидат присутни на состанокот со нивните колеги од Западен Балкан.