Попладневото во хотелот „Буши“, во старата скопска чаршија, изби пожар додека во објектот се правеле подготовки за свадбена веселба. Пожарот избувнал во кујната на ресторанот.
Настанот бил веднаш пријавен во противпожарната бригада на Град Скопје чии припадници експресно интервенирале и набрзина го локализирале огнот.
На лице место пристигнала и екипа на Брзата помош која помогнала на неколку лица кои се пожалиле дека вдишиле чад. Неофицијално, лекарска помош побарале 10 лица, меѓу кои три деца.
Причините за пожарот засега се непознати.