НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Неповратен грант од 10.000 евра за 59 мали семејни винарии

0
By Sashko on May 21, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: zelenaberza.com.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неповратен грант од 10.000 евра по корисник за поддршка во опрема и инвестиции добиваат 59 мали семејни винарии. Договорите за нивна поддршка во вкупен износ од над 33 милиони денари денеска во Градскиот парк во Скопје ги врачи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

„Денеска за нас е посебен ден. Исполнивме уште едно битно ветување кое го дадовме на малите винарии за поддршката која што им е потребна. Денеска доделуваме 59 договори за поддршка на малите семејни винарии, во вкупен износ од над 33 милиони денари. Тие добиваат неповратна финансиска поддршка, односно неповратен грант од 10.000 евра по корисник, за поддршка во опрема и инвестиции. Аплицираа вкупно 63 винарии, а условите ги исполнија 59 и сите тие ќе добијат поддршка околу 10.000 евра по корисник. Нема „прв дојден, прв услужен“, односно обезбедивме средства во буџетот на Министерството да ги одобриме за сите кои исполнуваат услови“, рече Николовски.

Пред три години кога одлучивме да го измениме Законот за вино, посочи тој, имавме цел да помогнеме да се развијат малите семејни винарии, да ставиме фокус на производството на вино токму во овие винарии, да може го зголемат своето производство, и да можат легално да го продаваат виното произведено во домашни капацитети.  

„Денеска има ресторани, бројни објекти каде што се продава вино токму од малите семејни винарии. Денес на винската карта имаме многу нови брендови, многу нови вкусови, богатство од ароми и комплексни вина произведени од домашно македонско грозје, токму во малите семејни винарии. Споредено со периодот на оваа измена на Законот за вино, беа регистрирани околу 30 мали винарии, но по измената, бројот значително се зголеми. Само во овие две години и покрај кризата во регистарот на производители на вино се запишале нови 70 мали винарии со капацитет до 50.000 литри од кои 11 се правни, и 59 физички лица. Тоа е успехот на токму оваа визија за измени во законодавството и давање на поддршка и фокус на малите винарии“, истакна Николовски. 

Според него, ова се рекордни бројки и ова е вистински доказ дека мерката дава огромен резултат и тоа за само две години, и тоа во голема здравствена и економска криза.  

„Ова не е само наш успех, туку и на тие кои денеска се тука и со кои заедно ја креиравме оваа идеја. Ова е заеднички успех и на Министерството и на малите винарии. Тие имаа идеја и барање до нас, а ние имавме обврска да го слушаме гласот на сите земјоделци, на сите производители и да постапуваме согласно барањата. Така стигнавме заедно денес до овие факти, бројки и аргументи. И тоа не е само бројка, тоа е широка лепеза на нови вински брендови, на зголемена винска и туристичка понуда, на зголемен вински туризам, мотивирани семејства во чија традиција вековито е производството на вино. Тоа е успех. Она што е најважно е дека во тој процес сме сите заедно“, рече Николовски.

Креираме, нагласи министерот, нови мерки и тоа партнерски заедно со сите вас.  

„Ние сме на иста страна, имаме иста цел, стабилен сектор, помали трошоци, поголем профит, повеќе инвестиции, но и препознатливост на македонските вина низ светот. Токму затоа денеска веќе имаме и нов Закон за виното кој ги поставува и остварува овие цели, како да стане македонското вино препознатливо во светот. Непобитен е фактот за високиот квалитет на македонските вина. Ние произведуваме комплексни вина со изразита ароматичност и карактер, кои на сите вински саеми добиваат награди и признанија“, истакна Николовски.

Тој го поздрави и Здружението „Вина од Македонија“, кое се претстави на последниот и најголем саем во светот ProWeine минатиот викенд во Дизелдорф, каде, како што појасни, лично можел да се увери дека навистина фокусот, луѓето и најголемата гужва била токму на македонскиот штанд на најголемиот светски саем за виното.  

„Затоа ќе ги поддржиме сите идеи. Секаде каде малите винарии ќе дадат предлог, секој еден саем, се она што е потребно да ги поддржиме да се презентираат, да ги промовираат македонските вина коишто ги произведуваат, ќе добијат поддршка од Министерството. Македонското вино е дел од светската винска мапа, а ние сме класифицирани како винска земја. Виното е еден од нашите најважни стратешки производи. Заедно со лозарството учествува во околу 20 проценти од БДП во земјоделството. Покрај тоа, виното е на прво место според извозот на алкохолните пијалоци од кај нас. Значи прв алкохол што има најголем извоз од Република Северна Македонија во останатите земји, е виното. Извозот расте и по количина, извозот расте и по вредност, и оваа година достигна 50 милиони евра извоз на виното“, нагласи Николовски. 

Посочи дека тоа што особено го радува, е што се менува структурата на извозот каде флашираното вино зазема се поголем дел во структурата на вкупниот извоз.  

Во име на сите мали винарии и во име на Здружението „Тиквешки семејни винарии“ се обрати претседателот на Здружението, Горан Јаковлевски кој се заблагодари на министерот Николовски и на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за поддршката која ја имаат и на пратениците од Кавадарци за несебичното ангажирање да се обезбедат финансиски средства за сите апликанти кои ги исполниле условите за грантот.

„Ние сме тие кои со години и децении наназад произведуваме вино, ракија, маџун во домашни услови, негувајќи ја нашата македонска традиција. За квалитетот на вината кои денес ги произведуваме зборуваат наградите кои ги добиваме не само на домашните натпреварувања, туку и на престижните меѓународни натпревари. За да се произведе квалитетно вино потребна е и современа опрема, па така овие финансиски средства кои ќе ги добиеме ни се неопходни за проширување на нашите капацитети, но и набавка на квалитетна опрема без која денес не може да се произведе врвно вино, а при тоа водејќи сметка да ја задржиме и негуваме нашата семејна традиција“, рече Јаковлевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.