Премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон на само 8 дена пред референдумот на којшто ќе се одлучи дали Шкотска ќе остане дел од Велика Британија се обидува да ги убеди гласачите да не гласаат за одделување на Шкотска пишува Би-Би-Си
„Моето срце ќе биде скршено, ако оваа фамилија на нации се распадне“ се обрати премиерот пред публиката во Единбург.
Анкетите покажуваат дека кампањата на владејачката Шкотска национална партија бележи интензитет како што се наближува гласањето. Според независниот истражувачки центар, СкотКен, 52 проценти од населението рекло „не“ за одделување на Шкотска, а 48 дале потврден одговор.
Последните анкети покажале дека кампањите за независност и оние кои целат кон тоа унијата да остане непроменета имаат речиси исти резултати. Ако гласачите во Шкотска изберат независност на 18 септември тоа ќе значи распад на 307-годишниот сојуз меѓу Англија, Велс и Шкотска познат како Велика Британија.