НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промените за државно рекламирање во С. Македонија под лупа на Европската Комисија

0
By Sashko on May 22, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По најавите на новинарската фела во Северна Македонија дека се разговара за повторно воведување на владини реклами во медиумите, Европската Комисија (ЕК) потсетува дека и во ЕУ се подготвуваат промени, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Иако ништо не е официјално, новинарската фела во Северна Македонија подолго време предупредува дека контроверзниот член 102 повторно е во игра.

Членот 102 од Законот за аудиовизуелни медиумски услуги се укина по Пржинскиот договор во 2015 година, а владата на СДСМ се заложи за забрана за државно рекламирање по 11-те години владеење на Никола Груевски и злоупотребата на оваа пракса од неговата влада како поткуп на медиумите. Пракса која беше и редовно критикувана во извештаите на Европската комисија.

Како што јави БИРН пред неколку дена, Министерството за информативно општество и администрација (МИОА) соопштило дека „во тек се разговори“ за промените во оваа пракса, но без повеќе детали, додека вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи рекол дека „Владата би разговарала за помош“ со, отприлика, осум милиони денари годишно. За поголема буџетска помош, пишува БИРН, владата ќе бара „општествен консензус“, односно одобрување и од опозицијата и од новинарската професија. Оваа поголема помош, вели БИРН, би можела да достигне 0,1 отсто од државниот буџет.

Од ЕК изјавија дека не навлегуваат во детали, додека не се официјализира одлуката, но ја следат ситуацијата.

„Ја следиме ситуацијата. Секоја промена на медиумското законодавство треба да биде во согласност со законите и стандардите на ЕУ. Тие бараат широк политички консензус и консултации со главните чинители“, изјави портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро.

Писонеро потсети дека во извештајот на Комисијата во 2021 година веќе се нотирани забелешките и загриженоста на медиумските здруженија во Северна Македонија за можни амандмани на членот 102 на законот за АВМУ за да се дозволи повторно државно рекламирање „од јавен интерес“.

И во времето на владеењето на Груевски овие кампањи се водеа како „јавен интерес“.

Што се однесува до законите и стандардите на ЕУ, на кои потсетува Писонеро во својот одговор, во овој момент не постои законодавство кое директно се занимава со државното и политичкото рекламирање, но и ова наскоро би требало да се смени.

Европската Комисија, посебно под влијание на еврокомесарката за транспарентност, Вера Јурова, последните години интензивно предлага законски промени и нов политички пристап кон медиумските прашања, област во која Европската Унија располага со многу малку надлежности генерално.

Во ноември во 2021 година, Комисијата предложи пакет мерки за зајакнување на демократијата, во кој една од одредбите е токму Регулативата за транспарентност и таргетирање на политичко рекламирање. Со оваа регулатива ќе се воведе нов „строг стандард“ за транспарентност во областа на политичките реклами за сите видови медиуми во ЕУ.

Како што објаснуваат од ЕК, овој пакет на мерки е дел од поширокиот акциски план за европска демократија, чија цел е да се зајакнат мерките за фер и слободни избори, независни медиуми и зголемување на демократското учество, меѓу другото. Од Европската комисија потсетуваат дека во почитувањето на европските стандарди спаѓаат и низа конвенции и документи од Советот на Европа.

„Кога велиме законите на ЕУ, тоа треба да биде разбрано во поширок контекст на доктрината и стандардите на Советот на Европа“, потсетуваат од Комисијата.

Во однос на самото политичко рекламирање, предлогот на ЕК за „транспарентност и таргетирање на политичкото рекламирање“ вклучува „строги стандарди за транспарентност за давателите на услуги во оваа област, вклучително и одредби за транспарентност во однос на износот и изворите на финансирање кои ги користат спонзорите на политичкото рекламирање“, стои во предлогот на Комисијата.

Овие податоци ќе се објавуваат во белешки за транспарентност кои ќе се ставаат на располагање за сите политички реклами. Обврската се однесува на секој вид политичко рекламирање во ЕУ, но и рекламирање кое би можело да влијае врз исходот на било кои избори, референдуми, или законодавен и гласачки процеси.

Исклучок се практични информации од официјални извори во однос на организацијата и модалитетите за учество во избори или референдум, тие не се сметаат за политичко рекламирање во предлогот на Европската Комисија.

Европската комисија, меѓутоа, прави разлика меѓу политичкото и државното рекламирање и државните пари за медиуми. Државното рекламирање не е предмет на стандарди на ЕУ или на Советот на Европа. Сепак, во редовниот извештај за состојбата со владеењето на правото во земјите членки, Европската Комисија, сепак, го разгледува овој дел во рамките на нејзиниот мониторинг на медиумски плурализам, поради фактот што постојат „реални ризици од нетранспарентна дистрибуција на вакви пари во некои земји членки и начинот на кој некои држави го користат ова за да го контролираат медиумскиот пејзаж“, велат од Европската комисија.

Оваа комплексна законодавна слика на ЕУ се однесува и на земјите кандидати кои постепено мораат да се усогласат со стандардите на ЕУ во текот на преговарачкиот процес, но го покажува и лимитот на надлежноста на Комисијата во делот на медиумските политики, кои остануваат во рацете на земјите членки. Со сѐ поагресивното заземање на контрола врз медиумите во земји како Унгарија и Полска, Комисијата се обидува пред сѐ преку алатките за набљудување на владеењето на правото да врши надзор и во оваа област.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.