Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Арапските држави и САД заедно против Исламската држава

0
By Нова ТВ on September 11, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 11, 2014 20:57


Десет арапски држави вклучувајќи ја и Саудиска Арабија се согласија да соработуваат со САД со цел да се справат со заканите на џихадистите од Исламската држава.

По разговорите со американскиот државен секретар Џон Кери во Џеда, тие се согласија да помогнат во спречувањето на проток на средства и нови борци.

Кери се обидува да создаде коалиција против војниците коишто контролираат големи делови од Сирија и Ирак. Сепак, Русија ги предупреди САД да се воздржат од користење воздушни напади во Сирија.

Руското Министерство за надворешни работи изјави дека секоја таква акција, без поддршка од Обединетите Нации ќе се смета за „акт на агресија” и „сериозно прекршување” на меѓународното право.

Американскиот претседател Барак Обама се закани со акција против Исламската држава, а Кери има задача да се обиде да формира регионална коалиција против милитантите.

По состанокот се донесе заедничка изјава во која се зборува за обединување против силите на џихадистите. Исто така, на состанокот се разговарало за стратегиите со кои ќе се одбранат државите од Исламската држава, вклучувајќи ги Ирак и Сирија.

Освен Саудиска Арабија, од арапските држави беа присутни и Бахреин, Египет, Ирак, Јордан, Кувајт, Либан, Оман, Катар и Обединетите Арапски Емирати. Присутна беше и Турција, но не ја потпиша заедничката изјава.

Обама истиот ден изјави дека секоја група која се заканува против Америка „нема да најде засолниште”. Тој, исто така, најави дека 475 американски војници ќе бидат испратени во Ирак, но нема да имаат улога да се борат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 8, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

ВЕСТИ May 8, 2026

По протестите пред Министерство за култура и потоа и пред Уставниот суд, Синдикатот на култура на…

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.