Лидерот на опозицијата Бранко Црвенкиовски очигледно работи против интересите на државата за да ја спаси својата кариера, истакна вечерва премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на промоцијата на кандидатот за градоначалник од оваа партија и коалицијата „За Подобра Македонија“ во општина Гевгелија, Иван Франгов.
– Треба да биде јасно дека ако добиеме негативен извештај од ЕУ, тоа ќе биде лична залуга на Бранко Црвенковски. Тој купуваше само време и се уште ги лаже најблиските негови луѓе, внатре во партијата дека изборите ќе бидат одложени. Лажеше до вчера, ги лаже и денеска сите, па дури и претставниците на меѓународната заедница, потенцира Груевски.
Во интервју за НОВА, лидерот на СДСМ, Црвенковски вчера изјави: Ставот на СДСМ беше дека ако навистина се деблокираат евроатлантските интеграции и дека ако Македонија стане членка на НАТО и ги почнеме преговорите со Европската унија, тогаш ние се откажуваме од предвремените парламентарни избори.