Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каталонија: „Шкотскиот пример инспирира“

0
By Нова ТВ on September 14, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 14, 2014 11:16

„Движењето за независност на Каталонија“ е возбудено поради референдумот во Шкотска, смета експертот за Шпанија, професор по политички науки на Универзитеот „Помпеу Фабре“ во Барселона, Клаус-Јирген Нагел. Шкотската битка за независност е модел за тоа што би можело да се направи во Шпанија, вели во интервју за Дојче веле, пренесено од секцијата на македонски јазик.


Проф. Клаус-Јирген Нагел

Дојче веле: Стотици илјади луѓе излегоа на улиците во Барселона за да побараат референдум за независност на Каталонија. Дали „Движењето за независност на Каталонија“ е под влијание на можното отцепување на Шкотска од Велика Британија?

Клаус-Јирген Нагел: „Со сигурност. Шкотскиот пример ги охрабрува Каталонците.
Британската влада го дозволи одржувањето на референдумот за незавинсност на Шкотска на 18 септември. Тоа е она што мнозинството тука го бара од шпанската влада, но таа го отфрли тоа“.

Дојче веле: Значи, не би се одржал референдум во Каталонија како оној во Шкотска?

Клаус-Јирген Нагел: „Барем не изгледа така. Шпанската влада, како и опозицијата и долниот дом на Парламентот во Мадрид ги отфрлија сите барања во оваа насока“.

Дојче веле: И покрај тоа многумина се надеваат на независност?

Клаус-Јирген Нагел: „Да, и мнозинството од населението го поддржува тоа. И владата во Каталонија одлучи да одржи референдум на деветти ноември годинава, и покрај противењето на Мадрид. Од правна гледна точка, тоа ќе биде необврзувачки референдум. Но, прашањето сега е дали шпанската влада ќе го забрани гласањето, како што се закани“.

Дојче веле: Ако мнозинството од гласачите се одлучат за независност, дали од референдумот, и покрај тоа што е необврзувачки, би имало некакви последици?

Клаус-Јирген Нагел: „Со сигурност. Кога во демократијата мнозинството го дава гласот и го прави тоа на сериозен начин, тогаш е тешко да не се земат предвид таквите гледишта на луѓето. Во случајот со Шкотска, дури и одлука со мала разлика против независноста ќе доведе до ширење на шкотската автономија“.

Дојче веле: Дали во Барселона се одвива дискусија за можните негативни ефекти од независноста, како што се прави во Единбург?

Клаус-Јирген Нагел: „Да. Има тешки дискусии, како меѓу аналитичарите, така и меѓу политичките партии и советодавното тело формирано од страна на каталонската влада. Досега имаше осум извештаи за различни прашања што беа побарани од парламентот во Каталонија. Шкотската ситуација дефинитивно е поинаква. Таму има складирани нуклеарни оружја. Но, посебно економските последици се и тука дискутирани“.

Дојче веле: Какви економски последици очекуваат експертите?

Клаус-Јирген Нагел: „Сценаријата вклучуваат се’ – од рај до пекол, во зависност од тоа на која организација за креирање на јавното мислење и’ верувате. Мнозинството од аналитичарите се согласуваат дека нема нешто многу да се промени. Независна Каталонија може да преживее сама од себе. Но, се работи за тоа како да се спроведат преговорите за независност со Мадрид и како Европската унија би се позиционирала себеси“.

Дојче веле: Ако Шкотланѓаните се одлучат за независност, што мислите дека би се случило со Каталонија?

Клаус-Јирген Нагел: „Тоа очигледно дека ќе им даде поттик на оние кои се борат за референдум и за независност од Шпанија. Но, секој таму знае и дека независноста нема да се појави преку ноќ. Шкотска ќе се соочи со преговарачки процес кој ќе продолжи и во 2016 година. Има многу теми за дискусија – што ќе се случи со валутата, со националниот долг, со меѓународните договори, со членството во ЕУ и така натаму. Обемни преговори се неопходни и за Каталонија“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.