НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шансите за симнување на бугарското вето пред јунскиот Самит на ЕУ се помали од 50 отсто, вели Пендаровски

0
By Sashko on May 27, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Софија не дава сигнали за промена на ставот и одобрување на барањата од Скопје за тргање на ветото и отворање на преговорите за влез на Македонија во Европската Унија (ЕУ).

Претседателот Стево Пендаровски вели дека не гледа значителна промена во однесувањето на Бугарија и смета дека шансите за деблокада до крајот на јуни се половични.

Во интервју за „Еуроњуз“, Пендаровски истакна дека и покрај сите случувања на европскиот континент со руската инвазија на Украина и сите геополитички мотиви што го доведуваат во прашање концептот на обединета Европа, бугарската позиција сè уште е тешка и не се забележани значителни промени, во пресрет на одлуката на Брисел што се очекува до крајот на јуни.

„Но, ако ме прашувате мене, ако прашувате за моето внатрешно чувство – во Северна Македонија сум познат како политичар кој го кажува своето мислење. Немам еден личен или друг официјален став. Ќе ги ценам нашите шанси за почеток на преговорите, конечно по 17 години во кои сме кандидат, на помалку од 50 отсто“, рече претседателот Пендаровски.

Бугарија, посочува шефот на државата, пробува да го имитира однесувањето на Грција кон Македонија во последните децении, поставувајќи предуслов за влез во Унијата, но бугарските барања се многу поконтроверзни од грчките со оспорувања на македонскиот идентитет.

„Грците никогаш не го доведуваа во прашање нашето етничко потекло. Никогаш не рекоа „не си Македонец“. Во ситуацијата со Грција, дадовме можност, ако сакате да се идентификувате како етнички Македонец, можете да го направите тоа. Ако некои луѓе во Грција денес велат дека се Македонци, имаат право на тоа. Бугарија го оспорува идентитетот на Македонците и тоа е големиот проблем“, вели претседателот Пендаровски.

Според него, Бугарија ја изразува позицијата на бугарското општество, како резултат на долгогодишниот став на бугарските политичари и историчари, што датира од времето на комунизмот.

Пендаровски смета дека е потребно да се говори за вистинските аргументи и критериуми што државата ги исполни за влез во Унијата, а не да се дискутира за 19 или 20 век и за спорни историски прашања.

Обесхрабрувачка е изјавата и на потпретседателот на бугарското Собрание, Кристиан Вигенин, член на Бугарската социјалистичка партија (БСП) и поранешен министер за надворешни работи, кој вели дека Бугарија во моментов нема причина да го укине ветото за старт на преговорите за членство на земјата во ЕУ, бидејќи, како што вели, до „денешниот датум не е постигнат никаков напредок“.

Во изјава за Бугарската национална телевизија, Вигенин вчера посочи дека не е сигурен дали е време да се носи нова декларација во врска со „прашањето за Република Северна Македонија“, во услови кога нема нов момент во однос на темата.

Според него, неприфатлив е ставот на бугарскиот премиер Кирил Петков да се свика ново заседание на Советот за национална безбедност за преговорите со Македонија, само за да се види дали има некаков позитивен план за развој на односите, бидејќи не може само „да се седи од двете страни на границата и да се чека нешто да се случи“.

„Немаме причина да кажеме дека треба да се укине ветото. Ако ништо не се случи, нема шанси да го укинеме ветото. Ние мора да ги оствариме нашите цели. Тоа е ставот на БСП“, додаде Вигенин.

Ставот на бугарскиот европратеник и известувач за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук, пак, е сосема различен и вели дека доколку Бугарија не даде зелено светло за почеток на преговорите, тогаш тоа ќе резултира со забавување на развојот на регионот, што не е во полза на меѓународниот имиџ на Софија.

Ќучук вчера изјави дека ЕУ очекува од Софија да даде зелено светло на преговорите за членство на Македонија во Унијата, додавајќи дека не постои начин како да им се објасни на идните генерации во Бугарија дека Албанија може да го започне преговарачки процес, а на „оние што ги дефинираме како браќа и имаме легитимна причина да бидеме историски многу блиски, им ја одземаме можноста да бидат дел од ЕУ“.

Според него, ако постои притисок од европските институции врз Бугарија, тоа не претставува надворешен, туку легитимен притисок, бидејќи и бугарскиот премиер Кирил Петков и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска се дел од преговарачкиот процес на ЕУ.

„Бугарија и Република Северна Македонија мора да се вратат на прагматичен пристап и да ги најдат сите можни дипломатски и политички решенија за билатералното прашање“, вели тој и дециден е дека ЕК може да обезбеди доволно гаранции за почитување на човековите права и слободи, но вели и дека историските прашања се многу болни за ЕУ.

Според него, едно прашање е вклучувањето на македонските Бугари во Уставот на земјава, а сосема друго е нивното функционално интегрирање во општеството.

Во врска со ова прашање, претседателот Пендаровски вели дека е една од ретките работи за којашто се сложуваат владејачката и опозициската партија зо земјава и оти немаат проблем со вклучување на Бугарите во Уставот.

Но, од друга страна тој нагласува дека ова треба да биде врзано со рок и гаранција дека е последно барање од бугарската страна, зашто во спротивно, секој месец или секоја година ќе мора да продолжат да ги убедуваат граѓаните дека треба да се смени нешто, било да е тоа Уставот, законите или нешто друго.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.