Во 2021 година дипломирале вкупно 7.753 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите во земјава, што претставува зголемување за 12,2 отсто во споредба со 2020 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).
Од вкупниот број на дипломирани студенти, 6.528, односно 84.2 отсто, биле редовни, а 1.225, односно 15.8 проценти, вонредни студенти.
Од дипломираните, 58.8 отсто се студентки.
Во рок дипломирале 28 проценти од вкупниот број на студенти, а по рокот 72 отсто.