Собранието не располага со имотен лист со утврдено право на сопственост/користење на земјиштето и објектот во кој истото е сместено и ги извршува своите функции, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за законодавниот дом.
Ревизорите препорачуваат да продолжат активностите за запишување на правото на сопственост/користење на имотот со кој располага Собранието.
Во делот на клучните системски слабости е истакна потребата од доуредување на регулативата во однос на основицата за плати на избрани и именувани лица, за ангажманот на надворешни соработници, за отсуствата на пратеници и за надоместокот на трошоци за патарини.
Цел на ревизијата, како што се вели во извештајот на ДЗР, е дали финансиските извештаи се ослободени од материјално погрешни прикажувања и дали активностите, финансиските трансакции и информациите во истите се во согласност со законската регулатива.