Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ФОТОГАЛЕРИЈА) И во Македонија се одбележа платинестиот јубилеј на британската Кралица Елизабета

0
By Соња Крамарска on May 27, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 27, 2022 10:39

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј на одбележувањето на платинестиот јубилеј на Кралицата Елизабетата рече дека  оваа година се навршуваат 70 години служба на Нејзиното Величество Кралицата. „Кралицата која владее подолго од кој било друг монарх во британската историја, и која стана многу сакана и почитувана личност низ целиот свет“, рече амбасадорката.

Амбасадорката чиј мандат завршува по еден месец, рече дека дури и во краткото време што била тука, може да посведочи на навистина драматични и храбри промени.

„Го видов македонското знаме како гордо се вее над Молот во Лондон и гледав како Северна Македонија станува 30-та членка на НАТО. Во текот на последните неколку недели ја видов Северна Македонија како домаќин на 4.800 сојузнички трупи од 8 земји, предводени од глобалните сили за одговор на Обединетото Кралство – кои се запознаваа, се здружуваа, се обучуваа заедно и се подготвуваа заедно да одговорат на кризи. Оваа вежба се одржа во контекст на варварскиот неиспровоциран руски напад врз Украина и нејзиниот народ. И вечерва мислиме на народот на Украина“, рече Галовеј.

Таа подвлече дека Обединетото Кралство ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија и да ја приближува кон евроатлантската заедница. „Видов како Северна Македонија е лидер во регионот и носи тешки одлуки за климатските промени и животната средина. Во текот на изминативе 18 месеци, а пред ЦОП26 во Глазгов, минатиот ноември, работевме непосредно, заедно подигајќи ја свеста за многу реалните и сурови проблеми со кои се соочуваме околу климатските промени. Развивме енергетска стратегија која е понеопходна од кога било со оглед на нашите енергетски предизвици“, истакна Галовеј на прославата која се одржа во дворот на резиденцијата на претседателот Стево Пендаровски а чиј домаќин беше амбасадата.

„Посведочив и на зајакнувањето на нашите трговски односи со новиот Договор за партнерство за трговија и соработка. Обединетото Кралство останува еден од главните странски директни инвеститори во земјата благодарение на инвестициите на британските компании како Џонсон Мети. Северна Македонија во моментов е домаќин на најголемата фабрика на Џонсон Мети во Европа, најуспешната директна странска инвестиција во земјата“, истакна таа во говорот по повод платинестиот јубилеј на Кралицата.

Галовеј рече дека за четири недели ќе ја напушти Македонија.

„Заминувам знаејќи дека тука се случи промена. Добра промена од која нема враќање назад. И заминувам, но кога ќе се свртам и ќе погледнам преку рамото, знам дека ќе се вратам. Можеби не како дел од мојата работа, туку затоа што не може човек да живее во оваа земја и да не се заљуби.А сега, во чест на нејзиното Величество, здравица за Кралицата“, рече  Галовеј.

британска Кралица платинест јубилеј Рејчел Галовеј
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 27, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

ВЕСТИ May 27, 2026

Украинскиот претседател Володимир Зеленски испратил итно писмо до американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи го на…

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026

Собранието усвои ново државно задолжување од 260.000.000 евра

May 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.