Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира дека во последните три дена (од 27 мај до 29 мај се направени вкупно 2.335 тестови од кои се регистрирани нови 151 случај на ковид-19.
Во Скопје се евидентирани 109, во Штип – 9, во Битола и во Охрид – по пет, во Куманово, во Прилеп и во Велес – по три, во Тетово и во Свети Николе – по два, во Кавадарци, во Гостивар, во Струмица, во Кичево, во Кочани, во Струга, во Неготино, во Ресен, во Крива Паланка и во Берово – по еден.
Од вкупниот број на позитивни (151), регистрирани се 29 реинфекции.
Регистрирани сe 194 оздравени пациенти од Скопје – 134, од Битола – 10, од Охрид и од Ресен – по седум, од Штип – шест, од Куманово, од Тетово и од Берово – по четири, од Кавадарци, од Велес, од Кичево и од Свети Николе – по три, од Прилеп и од Струга – по двајца, од Струмица и од Дебар – по еден.
Во изминатите три дена е пријавено едно починато лице од Прилеп (97 год.). Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се регистрирани две починати лица од Скопје (72 год.) и од Битола (85 год.) во период од 3 мај до 19 мај.
Досега во земјата се направени вкупно 2.053.343 милиони тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.851, бројот на оздравени пациенти е 302.013, на починати е 9.303, а бројот на активни случаи изнесува 535.