НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европската Инвестициска Банка отвори претставништво во Скопје

0
By Sashko on May 30, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Само заеднички и на интегриран начин и обединето ќе можеме да се справиме со предизвиците што се пред нас, порача потпретседателката на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Лилјана Павлова на отворањето на локалната канцеларија на ЕИБ во Скопје што ќе биде лоцирана во просториите на Делегацијата на ЕУ во земјава.

„Мило ми е што дојде време и Скопје да се придружи на семејството на ЕИБ канцелариите ширум светот. Верувам дека отворањето на оваа канцеларија претставува многу силен сигнал на нашата долготрајна силна поддршка на земјата и на регионот во пристапните преговори и генерално во евроинтеграциите“, рече Павлова.

Отворањето на канцеларијата, додаде, ќе понуди нови можности за поддршка и да овозможиме нужна поддршка во овие многу ризични времиња во кои се соочуваме со социо-економски предизвици, енергетската криза и војната во Украина, а покрај тоа се уште се опоравуваме и од ковид-кризата и допрва треба да се соочиме со предизвиците од климатските промени.

„Заеднички работиме на проекти и имаме низа проекти на кои ќе соработуваме. Коридорот 8 е еден од проектите кои допрва ќе следи, тука се и водоснабдителните проекти со МЖСПП, а со иновативниот пристап под палката на Министерството за финансии и проектите за давање на поддршка на мали и средни претпријатија, како и за зајакнување на капацитетот на Развојната банка. Се надевам дека набрзо ќе почнеме со нашите проекти за поддршка на регионот“, додаде Павлова.

Премиерот Димитар Ковачевски посочи дека отворањето на претставништвото на ЕИБ во земјава е силно охрабрување за сите наши планови за одржување и раст на нашата економија и силна порака и признание за земјава и на нашите заложби во врвот на приоритетите да ги ставиме енергетската транзиција, заштитата на животната средина, одржливиот транспорт, локалниот економски развој и приватниот сектор.

Тој потсети дека ЕИБ е активна во земјава од 1991 година и преку неа се обезбедени финасии во висина од една милијарда евра за поддршка на клучни инфраструктурни проекти за развој на локални заедници и за поддршка намалите и средните претпријатија.

Министерот за финансии Фатмир Бесими порача дека отворањето на оваа канцеларија е уште еден доказ за блиската соработка меѓу нашата земја и ЕУ во процесот на нашето пристапување кон членство во ЕУ и додаде дека ЕИБ во континуитет ги поддржува најголемите проекти на нашата Влада.

Евроамбасадорот Дејвид Гир најави дека и понатаму ќе продолжат со поддршката на земјава за да го реализира потенцијалот за економски развој. Тој додаде дека фактот што седиштето на Канцеларијата на ЕИБ ќе биде во просториите на Делегацијата на ЕУ ќе овозможи подобра координација на иницијативите но и ќе ја приближи ЕИБ до граѓаните.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.