НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема да дозволиме трошоците за струја што се направени на некоректен начин да бидат на товар на граѓаните, вети Бислимовски

0
By Sashko on May 30, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кога ќе ја носиме новата одлука за цената на електричната енергија на регулираниот пазар што ќе важи од 1 јули оваа година, ќе направиме сè за да се спречат малверзациите кои можат да влијаат на зголемување на цената што ја плаќаат домаќинствата, порача вечерва претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимовски.

„Ова што го прават општините ниту е етички ниту, пак, морално. Кога беа намалени цените на слободниот пазар, општините штедеа и тогаш беше во ред. Сега кога се зголемија, се прават малверзации за да се вратат на регулиран пазар. Има и компании кои прават фиктивен договор, па се враќаат на регулираниот пазар. Сега кога ќе ја носиме одлуката нема да дозволиме овие непредвидени трошоци направени во најмала рака на некоректен начин да удрат на грбот на домаќинствата. Затоа при носење на одлуката на цената РКЕ ќе преземе се што е во наша надлежност за да не бидат оптоварени домаќинствата со овие малверзации на општините и компаниите. Ако е криза за сите е криза“, рече Бислимовски во емисијата „Топ тема“ на Телма.

Нагласи дека Управата за јавни приходи, Финансиската полиција и останатите институции се известени за малверзациите кои се детектирани од страна на РКЕ со фиктивни договори за да се вратат на регулираниот пазар.

„Од октомври минатата година сите македонски компании на слободниот пазар се соочуваат со реално зголемени трошоци за набавка на електрична енергија. На 90 отсто од нив не им текна да прават вакви финти. Зборував за компании и општини кои потпишуваа фиктивни договори“, потенцира Бислимовски.

Како што рече, лани во декември кога ја носеле одлуката за цената на електричната енергија, за потрошувачка биле предвидени 3,413 милијарди киловат часови, а сега се предвидува 3,946 милијарди киловат часови.

„ЕВН во своето побарување прикажа зголемување на потрошувачката на електрична енергија  за 533 милиони киловат часови. Тоа е поголема количина на електрична енергија од претходни. Тоа се дополнителни количини за кои ќе треба увоз, а цените достигнуваат до 500 евра за мегават час. ЕСМ и половина од нив да обезбеди по цена од 41 евра, а останатите 333 милиони киловат часови да се обезбедат по цена од 280 евра за мегават час плус маржа, плус набавка – тоа се 105 милиони евра непланирани од кои 30 милиони се на општините, останатите се на компании“, појасни Бислимовски.

Ги повика општините и компаниите да бидат инвентивни и да постават фотоволтаици на своите покриви.

„Зошто општините не ги искористат покривите на училишта, на градинки на сите институциите што ги имаат. Зошто не размислуваат покрај фотоволтаци да изградат и мали хидроелектрани, како што имаат општините Кавадарци и Битола“, рече Бислимоски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.