НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: Пари има, 20.000 тутунопроизводители ќе добијат субвенции

0
By Sashko on May 31, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Се надевам дека денешната порака на консензуалност и политичка култура што надвладеа во државата ќе продолжи и во други сфери, за да си го средиме системот, да ја намалиме разочараноста, да нема партизација, да нема врски, да ја вратиме довербата на младите во системот и во државата. Верувам дека ова е само почеток за некои покрупни промени што би ги очекувале“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во гостувањето во дневникот на ТВ Сител, во врска со донесените измени во Собранието на Законот за земјоделство и рурален развој, со кој се отстранува пречката за исплата на субвенции за 20.000 тутунопроизводители.

Информира дека решенијата за исплата на субвенциите до петок ќе бидат во трезорот на Министерството за финансии. Николовски е дециден дека воопшто не станува збор за кратење на субвенциите и тврди дека обемот на субвенционирање останува ист. Пари за субвенции има, потенцира тој, и има пари за тутунарите, а тоа се милијарда и 300 милиони денари или над 20 милиони евра.

Со денешните измени, нагласи тој, за првпат оваа година се воведува авансна исплата, за земјоделците да имаат средства и пред почетокот на самата сезона. Николовски најави дека ова е вовед во промени на моделот на субвенционирање што се најавува од наредната година.

„Не може повеќе да се субвенционира се и сешто. Оваа година мора да се направи детална анализа, што е стратешки и значајно за државата, тоа што успева согласно климатските услови во нашата држава, ќе продолжи да се  субвенционира“, истакна министерот за земјоделство.

Потсети дека минатата година имало 205 милиони евра исплати од сите програми, вклучително и ковид-програмата, а оваа година го има и интервентниот фонд за 40 проценти поддршка за вештачко ѓубриво.

Додаде дека со овие измени се воведува 40 проценти авансна исплата за стартап-инвестициите на младите фармери. Се воведува 100-процентна поддршка за зелена нафта и има многу нови мерки и со законите кои се уште се во собраниска процедура.

Министерот Николовски појасни дека земјоделците мора да бидат целосно раздолжени кон УЈП по секој основ, но како услов за исплата на субвенции не е воведено од оваа Влада, туку е воведено во 2015 година. Тој негира дека оваа законска измена се прави 26 пати, туку е техничка измена што се прави секоја година пред почетокот на исплата на субвенции од годинава.

Прашан колку од парите предвидени со ребалансот на Буџетот, ќе бидат насочени кон поддршка на производството на стратешките култури, сончоглед, пченка, пченица и дали ќе се посвети доволно внимание на ова, Николовски информира со ребалансот се предвидуваат околу 50 милиони евра само за директни плаќања. Дополнително, 500 милиони денари со ребалансот се добива во интервентниот фонд.

Заклучно со последниот ден од месец мај, на неделна основа за стратешките култури, особено за сончоглед, пченка, пченица и јачмен, има околу 3.000 апликации за субвенционирање на вештачко ѓубриво од 40 проценти.

„Тоа ми дава за право да потврдиме дека очекуваме оваа година дуплирано производство на сончоглед. Очекувам со интересот што го имаме, особено со доделување на државното земјоделско земјиште, денеска е јавното наддвање за пет илјади хектари, само за пченица, пченка и јачмен и сончоглед, интересот е три пати поголем од најдоброто време на државата“, изјави Николовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.