НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почна кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач“, потребен е поголем број на згрижувачки семејства

0
By Sashko on June 1, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По повод Денот на згрижувачките семејства, денеска започна кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач“, што ја спроведуваат СОС „Детско село“ и Министерството за труд и социјална политика (МТСП), во соработка со сите други институции инволвирани во системот за згрижување.

Кампањата започна попладнево во Скопје, а деновиве ќе продолжи и во 25 други населени места, меѓу кои и во Валандово, во Велес, во Штип, во Кавадарци и во Неготино.

Во државава, како што информира државниот секрертар во МТСП, Ресми Ејупи, има околу 350 згрижувачки семејства кои се грижат за околу 600 корисници.

„Кампањата има за цел да го промовира згрижувањето, односно да поттикне се поголем број граѓани да станат згрижувачи на децата без родители, за да може секое дете да расте во безбедно семејно опкружување исполнето со љубов“, истакна Ејупи.

Тој ја нагласи потребата од поголем број на згрижувачки семејства во државата за да може секое дете, кое има потреба, да биде згрижено во семејна средина.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска изјави оти верува дека низ оваа кампања ќе успеат да ја подигнат свеста, односно да изнајдат начин како на секое дете на кое му е неопходно семејство, да му се пружи потребната грижа.

„Со кампањата сакаме да се подигне свесноста кај сите граѓани, особено во Град Скопје за што значи да си згрижувач, дека на таков начин секое едно дете на кое му е неопходна родителската грижа и љубов која можеби ја нема поради некои услови во коишто е затекнато, верувам имаме начин да укажеме дека може и секој еден човек кој има таква желба и сака да помогне, дека ќе може да помогне на тој начин што ќе стане згрижувач, односно со своето семејство ќе пружи топол дом на секое дете на кое тоа му е неопходно“, рече Арсовска.

Преку оваа кампања, како што соопшти директорката на СОС „Детско село“, Јулијана Гапо, ќе ги повикаат граѓаните да ги отворат своите домови и да помогнат да се згрижат многу деца на кои тоа им е потребно.

„Зошто е важно ова? – Бидејќи во нашата држава во моментот има 353 згрижувачки семејства, меѓутоа тоа е далеку од тоа што е доволно. Многу деца имаат потреба да ја променат својата форма на згрижување, имаат потреба од љубов, од топол дом и од грижа. Сите граѓани ќе можат од сега, па натаму полесно да дојдат до информации, да се запознаат со тоа како се станува згрижувач. Секој кој е полнолетно лице од 18 до 62 години може да ги исполни тие услови и може да згрижи дете или повеќе деца“, рече Гапо.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.