НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пожарот во Тетово се гасел со возила стари 25 и 30 години – Ангелов на прес конференција

0
By Mirjana on June 2, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првиот човек на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов на прес конференција за пожарот во тетовската фабрика „Пофикс“, говореше за алармантната состојба  во која се наоѓа територијалната противпожарна единици од овој град која не е многу поразлична од останатите територијални единици. Поради тоа рече Ангелов дека се размислува повторно да се централизираат овие служби зашто децентрализацијата покажала лоши резултати со оглед на слабата финансиска кондиција на одделни општини кои се впрочем надлежни за функционирањето на противпожарните единици.

„Тетовската противпожарна единица брои 60 лица на околу 40 години. Располагаат со две цистерни стари по 25 години, потребни се уште две. Имаат 4 цистерни без црева само за вода, стари по 30 години. Потребна е пропратна механизација од скали до црева, пумпи, теренски возила. Сите пожарникари имаат лична заштитна опрема стара 20 години, потребна е нова, изјави меѓу другото директорот на ЦУК, Ангелов.

Тој сепак им оддаде почит на командантите на тетовската противпожарна единица  Ука Алити и Авни Амети за нивните натчовечки напори при гасењето на пожарот и недозволување да се прошири истиот. Ангелов рече дека негова била проценката, во гасењето на пожарот  да се вклучат и хеликоптери.

Тој  истакна дека  спецификација на потребните ресурси ќе биде направена за сите територијални противпожарни единици во земјава и дека таа информација ќе влезе на Влада и рече ќе се дадело се од себе средствата што се имаат да бидат подобро употребени за опремување на овие служби.

„Проблеми ќе има летово доколку дојде до големи пожари. Останатите држави тоа го решаваат со противпожарни друштва, кои се ангажираат во клучниот период на пожари. Се разбира дека капацитетите што ние ги имаме не се доволно пополнети,  на пример  во  Тетово имаат потреба од уште 20 пожарникари, изјави Ангелов додавајќи дека ваквата состојба се провлекува со години но дека Владата се решила да надминува еден по еден проблем во оваа свера.

Прес конференцијата на Ангелов доаѓа по почетокот на увидот денеска во поранешниот тутунски комбинат „Македонија табак“ каде во понеделникот избувна пожарот што предизвика голема материјална штета а беа повредени околу петнаесет пожарникари.

Утре состанок треба да одржи и Општинскиот кризен штаб, информира градоначалникот Биљал Касами.

(М.Т.)

 

АНГЕЛОВ ЗА СОСТОЈБАТА СО ПРОТИВПОЖАРНАТА ЕДИНИЦА ВО ТЕТОВО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025
ФОКУС

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

ВЕСТИ August 11, 2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека неговата средба со претседателот на…

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

August 11, 2025

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

August 10, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.