Како што е наведено на сајтот на Европол, откриени биле 916 случаи на шверц и претресени 151 куќа, а запленети биле разновидни средства со вкупна вредност од приближно 900.000 евра.
Работната група (ОТФ), предводена од германската федерална полиција и координирана од Европол, разби една од најопасните групи на шверцери на мигранти низ ЕУ, се наведува на сајтот на европската полиција..
Во акцијата биле вклучени и полициите на Австрија, Германија, Унгарија, Романија, Србија и Холандија, што довело до отворање на 39 нови истраги, соопшти Европол.