Украинскиот претседател ги повика САД да обезбедат воена помош за неговата земја со цел да се спротивстави на проруските сепаратисти од истокот.
Во своето обраќање на заедничката сесија на Конгресот тој рече дека лошо опремените млади Украинци се борат за „слободен свет“.
Американскиот претседател Барак Обама заедно со други западни земји ги осуди акциите на Русија во Украина. Но, појасни дека воената поддршка ќе содржи само несмртоносна опрема. Но, Порошенко на заедничката сесија рече дека на Украина ѝ е потребна и смртоносна и несмртоносна опрема.
„Ќебињата и ноќното гледање се важни, но не можеш да победиш во војна со ќебиња“, рече Порошенко по што беше поздравен со аплауз.
Тој ја обвини Русија за нејзиниот „царски начин на размислување“ и „носталгијата за Советскиот Сојуз“ изразени преку поддршката на сепаратистите во источна Украина.
Претходно, Порошенко се сретна со американскиот државен секретар Цон Кери.