НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Интегрално) Заедничка изјава од Вашингтон за Стратешкиот дијалог меѓу САД и Македонија

0
By Mirjana on June 3, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Пред малку од САД пристигна заедничката изјава од стратешкиот дијалог со Северна Македонија. Изјавата може да ја проследите во продолжение во интегрална форма:
На 2 јуни 2022 година Владите на Соединетите Американски Држави и Северна Македонија одржаа Стратешки дијалог во Вашингтон  насочен кон продлабочување на билатералното партнерство. Стратешкиот дијалог го предводеа министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи и Помошникот државен секретар на САД за европски и евро-азиски работи, др. Карен Донфрид. Тие ги потврдија цврстите односи меѓу двете држави и со нетрпение очекуваат унапредување на заедничките приоритети за безбедност и просперитет билатерално, на европскиот континент и низ светот.

Регионални иницијативи

САД и Северна Македонија ја потенцираа нивната силна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет и слобода на Украина да ја следи својата избрана европска иднина. Тие ја повикаа Русија веднаш да ја прекине непредизвиканата војна и целосно да се повлече од Украина. САД и Северна Македонија уште еднаш ја потврдија нивната посветеност кон регионалната интеграција на Западен Балкан преку политички, економски и безбедносни иницијативи и ја истакнаа нивната поддршка за економска интеграција и просперитет на Западен Балкан. САД ја потенцираа важноста од забрзувањето на пристапниот процес кон ЕУ за Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро. Тие ја поддржуваат конструктивната вклученост на Северна Македонија во иницијативите за регионална стабилност и безбедност, вклучително и Иницијативата VIII и Б6, иницирана од Северна Македонија, како и намерата на Северна Македонија да стане членка на Иницијативата Три мориња. САД со нетрпение очекува да ја даде својата поддршка на работата на Северна Македонија кога во 2023 година земјата ќе го преземе Претседателството со ОБСЕ.

Одбрана и безбедност

Како последен сојузник на НАТО Северна Македонија ја истакна својата посветеност на промовирање на мир и стабилност на европскиот континент. И САД и Северна Македонија ја потенцираа стратешката важност на развивањето високо-квалитетни одбранбени способности, изведбата на билатерални вежби и активности за обуки, со цел да се подобри интероперабилноста и подготвеноста, како и важноста од исполнувањето на обврските кон НАТО во поддршката на колективната стабилност. САД ги препозна достигнувањата на Северна Македонија во поглед на модернизацијата и опремувањето на своите вооружени сили со напредни воени средства, како и напорите да ја унапреди својата сајбер-безбедност и сајбер одбранбените способности. САД го поздравија развојот на центарот за воена обука на Северна Македонија во Криволак кој сега служи за сложени вежбовни активности на сојузниците и партнерите на НАТО. САД го поздравија и потпишувањето на Договорот за правната положба на Организацијата на Северноатлантскиот договор, националните претставници и меѓународниот персонал усвоен во Отава на 20 септември 1951 година, познат како Договор од Отава. САД и Северна Македонија ја потврдија својата соработка со Иницијативата САД – Јадранска повелба (А5), уникатна платформа за регионална соработка и се радуваат на заедничкото работење во текот на претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.
Енергетика и животна средина

Двете држави ја потврдија својата посветеност кон зголемувањето на енергетската диверзификација и независност, како поддршка на националната безбедност и тоа на начин на кој се спречуваат најлошите влијанија од климатските промени, со одржување на лимит од 1,5 Целзиусови степени пораст на температурата. САД и Северна Македонија ја повторија својата посветеност кон зацврстување на партнерството во транзициското и производството на енергија од обновливи извори. Северна Македонија ја повтори својата обврска за постепено исфрлање на јагленот до 2030 година и придонесување кон Глобалното ветување за метан од 30 проценти намалување на глобалните антропогени емисии на метан до 2030 година во однос на нивоата од 2020 година.
Односи меѓу народите

САД и Северна Македонија ја потврдија нивната посветеност да ги зголемуваат образовните, културни и професионални размени што негуваат взаемно разбирање меѓу народите од двете нации и ги пренесуваат споделените вредности, аспирации и цели. САД го поздрави полноправното членство на Северна Македонија кон Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот што се случи во 2022 година. Двете држави со нетрпение очекуваат да работат на зацврстување на образованието и историски точното сеќавање.
Билатерална соработка, добро владеење и владеење на правото

Двете држави се посветени на промовирање демократија, владеење на правото и човековите права, на регионално и на глобално ниво, како и надградување на ветувањето дадено на Самитот за демократија чиј домаќин беше претседателот Бајден. Годината на дејствување е можност за двете земји да ги спроведат обврските од Самитот и да продолжат со нашите напори за зацврстување на демократијата дома, на регионално и на глобално ниво. САД го поздрави интересот на Северна Македонија за станување партнер-држава во Програмата глобален влез на Царинската управа и граничната заштита на САД.
Трговија и инвестиции

Двете држави ја потврдија заедничката обврска да ја прошируваат и продлабочуваат билатералната економска и трговска соработка. САД ја препознаваат Северна Македонија како стратешки важен нов пазар со потенцијал за висок раст. Северна Македонија и САД изразија подготвеност да ги искористат трговските можности, да ги унапредат реформите за деловната клима и да продолжат со идентификување на можни бариери за трговијата и инвестициите. (Р.Н.)
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025
ФОКУС

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

ВЕСТИ August 11, 2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека неговата средба со претседателот на…

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

August 11, 2025

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

August 10, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.