Илјадници луѓе се евакуирани во филипинската престолнина Манила и соседните провинции откако тропската бура Фунг-Вонг причини поплави, соопштува Би-Би-Си.
Затворени се училиштата и владини канцеларии.Водата во некои области достигна речиси човечки раст, а во други до таваните на становите.
Бурата стигна и во главниот град, кој се опоравува од тајфунот „Калмеги”, кој минатата недела зеде осум жртви.
Локалните медиуми објавија дека реката е излезена од коритото во источниот дел на Манила и евакуирани се повеќе од 20 илјади луѓе. Браната во другиот дел на градот е прелеана.
Распрснатите улици предизвикале метеж, бидејќи возачите не биле свесни за големината на поплавите поради недостаток на информации од локалните власти, прецизира.
Градоначалникот на Манила ги искритикува новинарите кои не информирале за лошата инфраструктура и изјави дека тоа прашање долго време било игнорирано.
Во текот на сезоната на монсуните секоја година Филипините се бори со тајфуни и бури.