Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Франција за првпат воздушно го нападна Ирак

0
By Нова ТВ on September 19, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 19, 2014 14:42


Франција во петокот објави дека нејзини авиони почнале воздушни напади над терористички цели во Ирак, пренесе агенцијата „Ројтерс”. Ова е прв напад откако Париз вети дека ќе се приклучи кон активностите на други земји против групата „Исламска држава”, која држи под контрола големи територии од блискоисточната држава.

„Утрово во 9:40 часот. нашите ловци го започнаа првиот воздушен напад против логистички магацини на терористи”, се вели во соопштението на претседателот Франсоа Оланд. Според изјавата метата во североисточен Ирак била целосно уништена, а нови напади се очекуваат „во наредните денови”.

На прес-конференцијата во четвртокот Оланд соопшти дека воздушните напади претстојат и ќе стартуваат веднаш штом разузнавачките француски летови ги идентификуваат целите. Тој појасни дека операциите ќе бидат само на територијата на Ирак и нема да вклучуваат испраќање на војници.

Франција и порано има изразено желба да учествува во воената, политичката и финансиска коалиција, формирана од САД против милитантите на „Исламската држава”, кои се уште владеат со големи територии во северен Ирак и соседна Сирија.

Американски воени авиони од почетокот на август до овој момент извршиле повеќе од 170 напади против групата во Ирак, во обид да ги заштитат претставниците на САД во земјата, како и некои од клучните ирачки инфраструктурни објекти.

Воздушните напади помогнаа на ирачките и курдски сили да си ги вратат клучни места за борби како, браната крај Мосул и другите помали градови.

Минатата недела американскиот претседател Барак Обама изјави дека дал дозвола за вршење на воздушни напади против цели на исламистите и во Сирија.

Во понеделникот Париз беше домаќин на меѓународната конференција во која учествуваа голем број европски и арапски земји, како и претставници на Европската унија и Арапската лига. Целта на состанокот беше да се координираат меѓународни дејствија против „Исламската држава”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.