Во СВР Тетово велат дека релативно голема сума пари се наоѓа во новчаникот, а од синоќа досега никој не се пријавил дека изгубил новчаник.
Вчеравечер (6 јуни) околу 20 часот и 45 минути, 47-годишен жител на тетовско село, движејќи се низ трговски центар на улица „Маршал Тито“ во Тетово, пронашол изгубен женски паричник, по што го предал во полициската станица Тетово. Сопственикот или сопственичката може да дојде во полициска станица и да го подигне паричникот.
Во СВР Тетово велат дека релативно голема сума пари се наоѓа во новчаникот, а од синоќа досега никој не се пријавил дека изгубил новчаник.
– Луѓето најчесто и не веруваат дека некој ќе им ги врати изгубените пари, па често и не пријавуваат кога ќе изгубат нешто вредно. Некогаш сопствениците ги честат лицата кои ги пронашле и вратиле нивните изгубени работи, но некогаш не, ни изјавија од СВР Тетово, од каде во интерес на вистинскиот сопственик, не откриваат други детали.
(Љ.Б.)