Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Mарш за итна акција против климатските промени во светските метрополи

0
By Нова ТВ on September 22, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 22, 2014 08:58


Стотици илјади луѓе во целиот свет излегоа на улиците на големите градови, за да ја изразат својата загриженост од климатските промени и да побараат од политичарите повеќе активни дејства против глобалното затоплување, соопштија светските агенции.

Меѓународниот ден за акција беше организиран во пресрет на самитот за климатските промени на ОН во Њујорк, на кој ќе учествуваат над 120 држави.

Маршот беше најмасовен во Њујорк, градот – домаќин на форумот.

Според организаторите на акцијата во неа се вклучиле околу 310 000 луѓе, меѓу кои и генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки-мун, поранешниот потпретседател на САД Ал Гор, актерот Леонардо ди Каприо и други. Слични настани се одржаа во 166 земји, вклучително и во Бугарија, Велика Британија, Франција и Авганистан, соопшти Ројтерс.

Генералниот секретар на ОН, облечен во маица со натпис „Сакам акција за климатските промени”, одеше заедно со француската министерка за екологија Сеголен Ројал. –

-Ова е планетата на која ќе живеат наредните генерации.Нема резервен план, бидејќи немаме резервна планета изјавил Бан Ки-мун пред новинарите.

Актерот Леонардо Ди Каприо на маршот се придружил со групата на претставници од Еквадор, кои долги години водат правна битка со компанијата Шеврон поради загадувањето во џунглата на Амазон.

Пред неколку дена Националната управа за океанографски и атмосферски истражувања на САД соопшти дека август 2014 година бил најтоплиот месец на планетата од 1880 година, кога и започна собирањето на податоците за температурните вредности.

Годинава во август просечната температура на површината на океаните и на копно била 36,35 степени Целзиусови, односно со 0,75 степени Целзиусови над просекот за 20 век и со 0,04 степени Целзиусови над претходниот рекорд регистриран во август 1998 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.