Стопанската комора на Северна Македонија, за првпат во своето 100 годишно постоење, додели Голема плакета на македонскиот премиер Димитар Ковачевски, на поранешниот претседател на Влада, Зоран Заев, на српскиот претседател Александар Вучиќ и на премиерот на Албанија, Еди Рама како личности кои најмногу допринеле за регионална бизнис интеграција, изразувајќи на тој начин длабока почит кон креирањето на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“.
„Искрените заложби на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Албанија, Еди Рама, поранешниот премиер на Северна Македонија, Зоран Заев и актуелниот македонски премиер, Димитар Ковачевски кој ги продолжи заложбите за натамошен развој и креирање на Иницијативата за единствен пазар преку создавање на економска зона која дополнително ќе ги подобри политичките и економските односи меѓу земјите и ќе ги зајакне врските меѓу народите и бизнисите. И тоа заслужува најдлабока почит. Досега имало повеќе иницијативи за натамошен регионален развој на овие простори, но завршиле неуспешно. „Отворен Балкан“ е концепт кој е поддржан токму од внатре, од политичките лидери во земјите кои се дел од процесот, но уште повеќе од компаниите кои имаат нужна потреба за поблиска соработка, поврзување, заеднички настап на трети пазари, како интра-регионален процес од кој економски бенефит ќе има целиот регион“, порачуваат од Стопанската Комора.
Наградата опфаќа Голема плакета во чест на одбележување на 100 години од
формирањето на Стопанската комора.