НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Здружението на лекари специјализанти со отворено писмо до Ковачевски

0
By НОВА ТВ Balaban on June 9, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Oд месец февруари исплатата на дежурствата е прекината од страна на ФЗОРСМ без никакво образложение и покрај тоа што специјализантите имаат склучени договори со клиниките за исплата на надоместокот за својата работа“, нагласуваат oд Здружението.

Здружението на лекари специјализанти преку отворено писмо се обраќа на Претседателот на Владата на РСМ, г-дин Димитар Ковачевски, со цел надминување на еден горлив проблем за лекарската фела, информираше денеска Извршниот одбор на ова Здружение.

– Изминатите пет години како проект на тогашната влада со цел спречување на масовен егзодус на лекарите, се започна со долгоочекуваната и заслужена исплата на паричен надоместок за работата која специјализантите ја вршат на клиниките. Минатата година во ек на најголемата пандемија со Ковид-19 младите колеги се вклучија активно и безрезервно во работата на ковид центрите ширум државата. Ставајќи се себеси во првите борбени редови во интерес на пациентите. Како одговор на ова Министерството за здравство започна со исплата на надоместоци за дежурства и здравствено осигурување на оваа категорија на лекари, се вели во соопштението.

Од Здружението нагласуваат дека „од месец февруари исплатата на дежурствата е прекината од страна на ФЗОРСМ без никакво образложение и покрај тоа што специјализантите имаат склучени договори со клиниките за исплата на надоместокот за својата работа“.

– Лекарите на приватна специјализација и покрај ова сеуште ги извршуваат своите работни обврски и плаќаат на Деканатот на Медицински факултет суми до 12.000 евра во тек на специјализацијата. Во отсуство на дадените средства продолжувањето на специјализацијата за најголем дел од колегите би била невозможна, бидејќи овие средства претставуваат единствен финансиски прилив за приватните специјализанти. Би сакале да  Ве информираме дека одлуката за започнување на приватна специјализација, беше возможна исклучиво со примање на финанскискотиот надоместок, во спротивно најголем дел од колегите не би се одлучиле да ја започнат истата.

Во време каде ширум нашата држава, се затвараат цели одделенија, низ здравствените установи како последица на отсуство на медицнски кадар, сметаме дека овие средства (кои се веќе помали од просечната плата во РСМ) е повеќе од оправдана причина да бидат исплатени во целост на нашите колеги.

Овој профил на кадар е најтежок да се продуцира и времето да се изгради еден лекар специјализант е преку 12 години, истовремено младите лекари најмасовно емигрираат од Македонија за да се стекнат со финансиска сигурност. Укинувањето на оваа мерка во пракса значи бркање на младиот лекар од државата како и негативен стимул, за студентите на медицина да ја продолжат својата едукација во рамки на државата.

Апелираме до Премиерот и до сите надлежни институции да изнајдат решение за овој проблем кој потекнува од самоволието на поединци во ФЗОРСМ кои не ги согледуваат последиците од ваквата одлука, ставајки ги личните интереси пред здравјето на граѓаните.

Се надеваме на брзо решение на овој проблем кој се провлекува со месеци, пред да биде оневозможено продолжувањето на специјализацијата за најголем дел од лекарите, што ќе доведе до акутен недостаток на медицински кадар на клиниките и попречување на редовните работни активности во истите, соопштија од Здружението.

 

Ковачевски лекари специјализанти отворено писмо
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.