Ламбе Алабаковски, покрај македонското државјанство, имал и американско, меѓутоа не се повикал на него, ниту, пак, побарал за неговиот случај да биде известена Амбасадата на САД во Скопје. Ова, за порталот Пресинг ТВ, го истакна адвокатот Драган Георгиев, правен застапник на естрадниот уметник, кој е приведен како осомничен за саботното опожарување на влезната врата на бугарскиот кулрутен центар „Ванчо Михаилов“ во Битола за што му е одредена и мерка притвор во траење од осум дена.
Георгиев, како што истакна, очекува дека неговиот клиент ќе биде пуштен да се брани од слобода и пред истекот на изречената мерка притвор.
„Се надева, очекувам и работам на тоа. Рокот што првично е одреден, не значи дека ќе остане оти опцијата за негово продолжување е секогаш присутна, а ние не сакаме да дојде до такви нешто“, нагласи Георгиев, кој додаде дека нема информација дали Алабаковски во меѓувреме е посетен од претставник на американската амбасада во САД.
Судија на претходна постапка во вторникот му определи осум дена притвор на Ламбе Алабаковски кој е осомничен дека го подметнал пожарот во Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.
Во знак на поддршка на Алабаковски, вчера беше организиран протест пред полициската станица во Битола.