НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Матичните доктори ќе протестираат во петок

0
By Менче Атанасова Точи on September 22, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Матичните лекари во петок ќе имаат три часовен протест со тоа што на пациентите нема да им издаваат електронски упати. Прегледи,креирање на рецепти и се друго ќе се одвива нормално. Вака одлучило Собранието на Здружението на приватните лекари, откако истече рокот од три недели кои им го дадоа на надлежните за да ги повикаат на разговор за нивните барања.

Лекарите бараат фиксни плати од 40.000 илјади денари за лекар и 20.000 денари за медицинска сестра, зголемување на надоместокот(капитацијата) по пациент, како и воведување на партиципација, и решавање на суштинските проблеми со префрлањето на пациентите кога еден од двајцата лекари ќе ја напушти ординацијата.

„ Во петок на 26.09.2014 година во период од 09-12часот, нема да креираме електронски упати на „МОЈ ТЕРМИН“ сите матични доктори кои ги прифатија проектите на оваа Влада“, стои во одлуката која ја донеле лекарите.

Претседателот на Здружението на приватни лекари, Лилјана Чолакова Дервишова за НОВА изјави дека оваа одлука Собранието ја донело откако никој од надлежните не ги повикал на разговор.

„Помина рокот што им ги дадовме на надлежните во здравството. Сметаме дека проблемите можат да се решат само со дијалог на заедничка маса. Бидејќи тоа не се случи, сметаме дека ова е единствен начин за да го свртиме вниманието кон нашите проблеми“, изјави за НОВА Дервишова Чолакова.

Таа вели дека три недели се доволен период , за да се разговара,преговара и да се донесе некаков заклучок.

Од Здружениието велат дека лекарите ги исполниле сите обврски наметнати со реформите, набавиле квалитетни компјутери со лиценци, принтери,тонери, поделиле електронски читачи низ цела Македонија,пополниле обрасци за пензионери за електронски картици. Покај ова, лекарите велат дека ги зголемиле платите на вработените за 0,5 посто, исплаќаат К-15, се осигурале од професионална грешка .

Од таму потенцираат дека доколку не се решат проблемите доведен е во прашање опстанокот на 3.000 приватни ординации поради финасиски и законски оптoварувања. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.