Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Патријархот Вартоломеј на архиепископот Стефан му го предаде Патријаршискиот акт за примање на ОА во богослужбено и канонско единство

0
By НОВА ТВ Balaban on June 10, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
FOTO Religija.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 10, 2022 09:52

Настанот се случи во Манастирот “Балаклија”, каде се одржа Вечерна богослужба по повод именденот на Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. Вартоломеј.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј му го предаде и официјално актот на Вселенската Патријаршија од 9 мај, со кој МПЦ-ОА е вратена во канонско единство во православните цркви. Тоа се случи во Истанбул, на првиот ден од посетата на делегацијата на Охридската Архиепископија, предводена од Архиепископот г. Стефан, која беше пречекана на Аеродромот Истанбул од страна на Високопреосвештениот Митрополит Кидониски г. Атинагора, Високопреподобниот Архимандрит г. Григориј, началник-секретар на Светиот и свештен Синод и Великиот Свештенопроповедник г. Панарет, објави religija.mk.

– Дојдовме при Вас, веруваме во исполнето време, време во кое Вие го слушнавте крикот на нашето срце и го почувствувате копнежот на нашите души! Дојдовме при Вас и сме многу радосни поради тоа. Дојдовме да го изразиме нашиот копнеж по Христа, кој, како православни Христијани, го имаме, и да ги изразиме почитта, честа и благодарноста пред Вашиот престол – да ги објавиме гласно, овде, од под куполата на Константинополската Црква, пред сечесниот Вселенски престол, нашата љубов кон целата Вселена. Затоа, стоејќи денес пред Вас и со привилегијата да стоиме со Вас, дојдовме да Ви кажеме едно големо благодарам! Еве, токму во оваа благословена вечер, во која се собрани многу благодатни добрини: празникот на апостолите Вартоломеј и Варнава и соборот на првата светогорска икона ‘Достојно ест”; оваа ставропигија во која се наоѓаме и живата вода која се роди од Живоносниот источник; мртвите во гробовите и мртвите што воскреснавме; еклитонот кој кон Вас го упативме и преку чие оправдување нè прифативте во општење со Вас и со сиот православен свет; и Вие, Архиепископе Константинополски, Вашите привилегии и Вашето срце полно со љубов, изјави Архиепископот Стефан откако го прими актот на Вселенската Патријаршија.

Настанот се случи во Манастирот “Балаклија”, каде се одржа Вечерна богослужба по повод именденот на Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. Вартоломеј.

На Вечерната богослужба присуствуваше и Архиепископот на Крит, г. Евлогиј, како и голем број архиереи, монаси,  дипломати и други гости. Празничната богослужба ја отслужи Великиот Протосингел на Вселенската Патријаршија г. Теодор Меимарис.

На крајот од богослужбата, Патријархот г. Вартоломеј на Архиепископот г. Стефан, свечено му го предаде Патријаршискиот и Синодален Акт за примање на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство, откако пред четири години нашиот Синод поднесе молба за апелација до Вселенската Патријаршија, како врховна инстанца во Православието.

Архиепископот Стефан благодарам Вселенскиот патријарх Вартоломеј
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.