Националната мрежа против хомофобија и трансфобија одржа прес-конференција на која ги соопшти деталите за овогодишното издание на Скопје Прајд која ќе се одржи на 25 јуни.
Третото издание на парадата на гордоста ќе се одржи во последната сабота од јуни под мотото „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда.“. Прајдот останува важна форма на протест на ЛГБТ+ заедницата против стигмата, предрасудите и насилството, а медиумската поддршка е од суштинско значење во борбата за еднаквост на маргинализираните групи, беше речено на прес конференцијата.
Минатите изданија на Прајдот покажаа дека најголемиот дел од медиумите известуваа за настанот согласно професионалните и етички новинарски стандарди и се надеваме дека позитивниот тренд на информирање за ЛГБТ+ темите низ призмата на човекови права ќе продолжи и годинава, б.еше наведено на прес конференцијата
Се очекуваат околу 2 000 учесници од земјава и од странство а целата манифестација да помине мирно, како и досегашните прајдови.