Кабинетот на албанскиот премиер Еди Рама денеска излезе со појаснување за тоа во кој контекст било, како што оценија медиумите, скандалозното претставување на македонскиот премиер Димитар Ковачевски пред германскиот канцелар Олаф Шолц на самитот на Процесот за соработка во ЈИЕ во Солун како „премиер на идна западна Бугарија“.
Од кабинетот на Рама за ТВ21 изјавиле дека „ Тоа е сарказам во Бугарија и иронија со Европската Унија. Неформална“, навеле од кабинетот на албанскиот премиер.