Покрај свештенството од Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и од неколку духовни светилишта во земјава, како и верници кои организирано заминаа за Патријаршиската и синодална литургија, во соборниот храм на Вселенската патријаршија во Фанар „Св. Георгиј Победоносец“ , присуствува и владина делегација предводена од премиерот Ковачевски, во која се и министрите за надворешни и за внатрешни работи и за одбрана Османи, Спасовски и Петровска.
На премиерот му беше укажана чест , со тоа што му беше дадено да ги прочита молитвите „Симболот на верата“ и „Оче наш“ во име на народот на својата земја.
Ова е традиција во Вселенската патријаршија за време на одржување на литургија.
Ова е прва заедничка Патријаршиска и синодална света литургија по примањето на Охридската архиепископија во богослужбено канонско и ерархиско единство со останатите православни цркви, со што се отстрани повеќедецениската изолираност наложена врз нашата Црква.