НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

IDF: Секој пациент реагира различно на промена на инсулин

0
By Менче Атанасова Точи on September 23, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Светската организација за дијебетис потврди: Секој организам реагира различно при промената на инсулин, односно различно, на различен тип на инсулин. Ова денеска за НОВА го соопшти претседателот на Здружението за детски дијабетис, Цвете Серафимовски.

„ Добивме писмен одговор од Светската организација за дијабетис (IDF) . Во одговорот го потврдуваат нашето тврдење дека секој организам реагира различно, на различен инсулин”, изјави за НОВА, Серафимовски, претседател на ова Здружение.

Тој, членовите на ова Здружение и останатите болни од дијабетис само овој одговор го сметаат за единствено компетентен.

Викендов пак, се огласи и Здружението на ендокринолози кои се произнесоа дека промената од еден на друг инсулин нема да влијае на здравјето на пациентите.

Во меѓувреме над 10 000 пациенти кои останаа без неоходниот лек и се принудени да се префрлат од еден на друг вид инсулин си го поставуваат прашањето, постои ли опасност компанијата „Новонордск“ која 22 години ги снабдува дијабетичарите со инсулин да се повлече од Македонија.

Нивниот страв се заснова на фактот, што некои од нив со години и децении го примаат инсулинот кој кај нив се покажал како добар и успешно го нормализира нивото на шеќерот во крвта. Дијабетичарите тврдат дека и инсулините од другите производители се исто така квалитетни, но некои пациенти едноставно, не ги поднесуваат добро.

Во претставништвото на „Новонордиск“ велат дека чекаат да видат што ќе се случи со тендерот, а во исто време чекаат и на инструкции од централата на компанијата во Цирих.

Директорот на претставништвото во Македонија, Димитар Стојменовски, за НОВА, вели дека се ставени во многу незавидна ситуација.

„Ставот на компанијата е дека, кој сака да работи со нашите инсулини, нека работи, ако не ќе се повлечеме. Партнерството е прва и основна работа, изјави за НОВА Стојменовски.

Во исто време, надлежните постојано излегуваат со ставот дека промената од еден вид на друг инсулин нема штетни последници по здравјето, а со овој став излегоа и лекари од скопските клиники. Пациентите пак, велат дека тоа предизвикува шок за организмот, а најризична категорија се децата, врз кои треба да се прават експерименти за да се утврди, кој инсулин им одговара, а кој не.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.