Лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов на својот фејсбук профил најави дека ќе поднесе тужба против бугарскиот премиер Кирил Петков, министерот за финансии Асен Василев и министерот за спорт во оставка Радостин Василев затоа што од нивна страна неколку пати бил наречен „мафија“.
-Денес неколку пати слушнав дека јас сум мафијата од страна на премиерот Кирил Петков, министерот за финансии Асен Василев и Радостин Василев, кого не знам како да го дефинирам. Се согласувам дека во Бугарија секој може да каже нешто за секого, но мора да одговара за своите зборови. Еднаш ги осудив жолтите весници за нивните лаги. Ги добив сите случаи. Сега ќе поднесам тужби против Кирил Петков, Асен Василев и Радостин Василев за нивните лаги и сугестии. И, се разбира, ќе ги добијам. Фактите се против лагите и клеветите, објави Трифонов на Фејсбук.
Бугарскиот премиер, Кирил Петков на прес-конференција им честиташе на пратениците од „Има таков народ“ на Слави Трифонов, кои одлучија да излезат од партијата, притоа останувајќи дел од владејачкото мнозинство.
– Им честитам, овие луѓе се навистина храбри – рече Петков, пренесе БНТ. бг.